Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Пишуваме на тема...

Go down 
+12
vamp-girl
Efi
ivancelovemusic
Karate Kid
zoko
Анастазија
DJ_Stole
High_Voltage
NaTaLi
Proof
smiley :)
Moscow_BoY
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 34
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСаб Дек 30 2006, 15:06

toB nalikuva na izvadok od kolumna mi se sviga nacinot na premostuvanje ali saj bi mu dal na vakov naslov malce prenosno znacenje ama sea nemam bas vreme Sad imace ke se potrudam da go sklopam vo narednive 20 dena
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСаб Дек 30 2006, 16:35

OK
Да продолжиме со друга тема:
Изгрејсонце
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСаб Дек 30 2006, 16:43

Од мојата тераса се гледаат најубавите изгрејсонца. Додека ги гледаш првите зраци како го осветлуваат дедото што лови риби во вардар и како сивите згради се најсиви кога се скриени во сопствената сенка си мислиш дека нема поубаво нешто на светот.
И така во еден момент гледајки ги птиците што прелетуваат над реката најчесто во пар, помислуваш штета што немам никој покрај мене да го споделам ова со него.
Иако можеби тоа звучи тажно, вистината е многу потажна ако гледаш така на работите...
Никој неможе да го види светот преку твоите очи. Ти ја избираш твојата реалност. Ти си тој што ја наоѓа убавината во просторот и нештата. Твојата реалност неможеш да ја споделиш со никого, таа е само твоја, може само некој да биде дел од неа, а не и да ја живее.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСаб Дек 30 2006, 19:53

Ајде бе зашо не пишувате?
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСре Јан 03 2007, 03:27

Мојата борба
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСре Јан 03 2007, 03:27

Од Хитлер
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСре Јан 03 2007, 03:35

Уште од мал ми кажувале да бидам тоа што сум, да не пробувам да го правам она што другите го прават за да бидам како нив. Да бидам самокритик-си реков, и успеав до некаде да бидам тоа што сум-можеби за некој сум никој и ништо, но за мене сум секој. Мојата борба е за мојот живот, моето јас, мојот збор. Борбата не е крвава или физичка, мојата борба е онаа внатрешната, духовната или подобро кажано вистинската. Се трудам да пронајдам во борбата добри луѓе, но викаат дека добрите луѓе се оние како ѕвездите кои што сјаат. Но во денот нема ѕвезди, дали тоа значи дека нема ни добри луѓе? Секој ден во мојата борба ја посветувам целата моја енергија. Мојата борба за смислата на животот е бескрајна...
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСре Јан 03 2007, 03:50

Сум ја прочитал mein kumph...
Сакам да видам што ќе напишете за вашата борба !
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСре Јан 03 2007, 17:12

Е ајде де пишувајте
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 15:48

Нова тема:
Крстопат

На аголот, а аголот е насекаде.
Пред тебе, а каде и да се завртиш, секогаш нешто ново е пред тебе. Од страна, а страни, насекаде..... Не, само назад, не, не, не враќај се....назад.
Стојам и се обидувам да го пронајдам, патот....патот по кој секојдневно заминуваш. Не, не....целта, таа проклета цел, ја знам.....ами, патот.
Можеби таму некаде, попат ке те сретнам.
На крстопатот, јас се изгубив...на крстопатот. Тој ѓаволски јазол на непокорот, на измамата, на безизлезноста...а сакав само да го пронајдам....патот, патот по кој, можеби ке те сретнам тебе.....
И, можеби ке ме здогледаш,под дождливите стреи во тивката самрак, јас...мојот капут и шеширот, кој за тебе, моја прекрасна и топла госпоќо, еве овде го симнувам...те поздравувам, со наклон достоен на царевите, ти кралице на мојот....СОН.
И, можеби ке ги скријам солзите, помешани со ситниот дожд, и ке ја развлечам мојата проклето лицемерна насмевка, о беднику...беднику....за да ја скријам сета болка, и на тебе, мадам да ти го подарам моето малечко достоинство и разнишаната гордост. А твојот одпоздрав....мадам, каде ?
И заминуваш некаде, каде ? И веќе те нема, а јас, јас стојам на проклетиот крстопат, и со очи полни замор се обидувам да го пронајдам, него....не, не само патот, по кој замина....ами патот по кој можеби, веке утре, о божице, ке се вратиш.
Подготвен на бесконечност, под пригушената улична светилка, таму, на КРСТОПАТОТ, стојам и....чекам....да ми се вратиш.
Со сета своја дрска убавина и заслепувачка грациозност, со чекор на малечка газела, зошто знам.....на крстопатот, на тој безвремен спој на вечните заминувања и пристигнувања, на тоа рандеву на разделби и средби, на солзи радосници и оние.....оние бедни и тажни....
Само тука можам да бидам сигурен дека ке те сретнам, пеперутке....под пригушеното светло на уличната светилка, на КРСТОПАТОТ НА НАШИТЕ СОНИШТА.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedВто Јан 16 2007, 22:19

Еве ви нова тема : Страст

Страст....слатка страст....како свежо исцеден сок од презреан портокал, кој се растекува помеѓу прстите, а ти....така нежно и посветено го пречекуваш со своите усни.
И сета страст на овој свет, се прелева низ нив, низ тие сочни предворја на ангелската воздишка. А воздивнуваш ли....сеуште ?
Јас таа страст...таа небесна воздишка ја сонив...повторно.
Страст...слатка страст...како згмечени капини, сласт низ усни....што ко врела крв се слила низ тој прекрасен, нежен врат...и остава траги...длабоки...траги на пролеана крв...да...моето срце крвари...како грст згмечени капини...ох, каква страст.
А таа блага линија ... таа свилена крагна, твојот врат, што јас го љубев, земајки ја сласта на сокот...на дивите капини...впивајки ја во своето тело, обојувајки ја мојата душа, темно-црвено...да, тие диви капини...ТИЕ УСНИ...дали се повторно љубени?
Страст...горка, како солза, на збогување...како пелин во грлото...како воздишка и трепет на телото...како - КРАЈ.
А крајот не го гледав...несакав...горчина не чувствував...неможам...несакам...не несакам од тие усни да се откажам, чувствувам, само да можам да ги подгризнам....
А од нив повторно...како сок од грст на диви капини да потече, како свежо исцедена внатрешност од портокал, и повторно...повторно...
ПОВТОРНО ЈАС ДА ТЕ ИСПИЈАМ ...ТИ ГОРКА ЧАШО, НА МОЈАТА СУДБИНА...ТИ КОЈА ИСЧЕЗНА,
врати се, и повторно врз мене истури се, со сета своја страст облиј ме....од мене...не...никогаш...
Вратете се на почетокот Go down
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedНед Јан 21 2007, 02:53

диме бе се попали. lol!

иначе ја понекад страст имам према алкохолот. и према ништо друга. а посебно НЕ према никој друг
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedНед Јан 21 2007, 04:09

Нова тема: Талкање

Талкање.
Неуморно талкање низ темните улици на овој грозен, зачаден и влажен град, кој бескомпромисно го сакам. Низ премрзнатите усни се измолкнува топлиот вкус на мојата изгниена душа. Осамата убива, а немоќта ми ги уништува и последните чисти мисли. Низ замаглениот прозорец на локалниот бар го здогледувам спасот, самото предворје на пеколот.
Тивко се вовлекувам во зачадениот и мрачен очај, кралството на изгубените души. Со поглед недостоен за почит, и уморен глас младиот, а веќе изнемоштен келнер ме понуди со пијалак, вели-исплакнете го срцето, господине, се минува. Е млад пријателе-освен животот, ништо друго не минува. Обидувајки се да ја разобличам оваа неснослива јад, да ја претворам во гавран и засекогаш протерам од мојава душа, безмилосно гушејки ја во изобилство од малигани,низ крајот на окото го здогледав ТОЈ-спасителот.
Црномурестиот Орфеј, неприкосновениот исцелител на човечката болка, екимот со милозвучен инструмент. Го погледнав, а тој, безобразникот, со пророчка точност и надземна сила ми се спротистави, полека и таинствено, со нежни ноти на својата виолина--Но до љубов не се бега, но од љубов не се бега..... Прекинете го.....ве молам, о изгнаници несвесни и бедни, прекинете го овој демон, та зар вака, цигане, та зар вака.....о екиме....брате....
И заминав....во својот темен и влажен свет, во нокта, таа црна невеста невенчана, измамена од гордиот убавец од ДЕНОТ, кој само на миг ја помилува, на самракот на нивната љубов,а потоа и ја препушта осамата. Таа пак, невина девојка, живее во недеж дека повторно, барем за миг ке го допре, в мугри, и како на гурбет, со солза в очи низ првата утринска роса, ке го испрати.....до некое следно видување. Таа невенчана невеста, ноќта, јас оваа вечер ја силувам, гмечејки ја низ своите прсти ко бесрамник, барајки од неа замена за сопствената несрека, о неуморна несреќо.
И тогаш го последен грешник, кој судот страшен беспомошно го чека, низ немоќ заминувам кај него, барајки утеха и прошка, низ стиснати заби изговарам: ОЧЕ, прости ми гршев. Избраздено лице на свештеник, ликот Божји преоблечен во човек, ме погледна, и тивко, скоро нечујно проговори: кажи, кои се твоите согрешенија. Се ничкосав на колена и кинејки ја крагната на мојата риза, низ болка, јас зборев, ЗА НЕА, за НАС, за Љубовта, ОЧЕ, ЈАС.....
Тешката рака се сруши на моето теме, ја подигнав главата, а тој....нем. Мигови на проклетство ме јадеа одвнатре.....и....наеднаш, низ тоа избраздено лице, таа енциклопедија на човечки јадови и маки, тој исконски ковчег на безброј тајни, се стркала солза.....врела, сјајна, солза. Стани, несреќнику, и заминувај.....твојата болка не се лечи. Не барај прошка од НЕГО, зошто на ваквите како тебе ТОЈ никогаш не им простува. Се сепнав, и студенило ме обзеде,ме гуши, си велам.... но тој ме прекинува и со прекор,вели-Нема ТОЈ зашто да им простува, чедо, на тие што ЉУБАТ. Блажени сте вие, о-љубовни страдалници, зошто ја видовте вистинската љубов-ОНАА ШТО СТЕ ЈА ЗАГУБИЛЕ. Вашата болка е доволна казна. Ја видовте, а не ја познавте. Ја имавте, а без неа талкате, о бездомници на убоста. Ја загубивте, а бескрајно ја посакувате...... Заминувам.
И се враќам на мојата несреќна невеста, на ноќта. На мојата верна придружничка, осамата, за заедно да ја чекаме муграта. Заедно да се надеваме на повторно враќање на нашата загубена љубов. О бескрајни црнила,прегрнете ме....утечете ме. А, в мугри, таа неверната, повторно ме напушта. Срекен сум за неа. Таа својата љубов барем за миг ја допре, в мугри. Се бакнаа сонцето и месечината, и ја пролеаа утринската роса, за сите нас, несрекници, проколнатите нокни талкачи....
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedНед Јан 21 2007, 21:53

Ајде бе луѓе
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПон Јан 22 2007, 01:00

<--- слабо креативен човек кога станува збор за пишување ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПон Јан 22 2007, 01:06

Karate Kid напиша:
<--- слабо креативен човек кога станува збор за пишување ...
само ти?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПон Јан 22 2007, 01:10

незнам ја си знам за мене ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПон Јан 22 2007, 17:47

Нова тема:
Болка

Нескротлива, скриена болка ги рапорува нејзините гради, ја чувствувам... Молчи...
Низ молкот се наслушнува бесното рикање на нејзиното срце, како ранет ѕвер кој за живот се бори, а смртта од беспоштедна прегратка не го испушта, и безволно го предава своето тело на бесконечноста, но духот.... духот.... духот не го ослободува.
Неподнослива миризба на КРАЈОТ. Тој бескраен - крај. Има ли крај ? Да заминам, без зборови, тивко како крадец, безшумен, понижен, без плен а запленет.
Ке прозбори.... НЕ. Се излажав. Проклети да се намерниците, кога се најпотребни, ненајавено да наминат, да сменат, да.... ја прекинат неподносливата тишина, што непрестанува да шепоти.
Без зборови, тивко, како крадец, без плен а запленет, тело без душа, срце без топлината на сопствената крв, дух без дом, заминувам, за од мене да не замине, надевјки се дека, кога пак ке се вратам, ке биде тука, и наеднаш се отвори небото, и грозоморен пискот на дефиниран одвратен звук на ....... порака. Не доагај веке..... подобро е така.
И, тивко, без зборови, ко крадец...... со украдено срце, ко тело...... со одземена душа... и наеднаш неподносливо многу ми треба грозоморниот звук на предефинираната...... ке напише пак.
И сонувам, ме вика глас, го познавам, го препознавам, да тој е, да таа...... НЕ, само будилникот кој најави нов ден, бескраен ден..... НЕМОЖАМ ПОВЕКЕ, ЖАЛАМ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПет Фед 02 2007, 00:58

Нем, неподвижен, го следам тивкото утро како се буди, од очај миговите во среќа ги престорува. Широката насмевка на нерасонетото сонце, трепет кој наговестува уште еден возбудлив круг.
Нем, неподвижен, го слушам ветерот што шепоти. Дневната заповест на строго устроената формација на ненадминатиот матријархат - природата.
Нем, неподвижен, ја гледам капката роса, солзата господова капната на крвкото ливче, за нас и нашата неразумност. Таа за миг ке исчезне од магичниот допир на прстите на неговото величество - Амон РА.
Нем, неподвижен, ја чувствувам дланката на вечноста како ја зема мојата рака и ме поведува, во заборав ли - во времепловот на звездениот непрекор, или едноставно, на патот на кој случајно ја сретнав, како сопатник неразумен, ја поканив, да патуваме заедно....
Нем, неподвижен, го набљудувам танцот на ангелите, кои за некакво чудо, ги гледам, и вџашен, застрашен, а сепак ..... некако надвременски спокоен.... како да очекувам да ме допрат, да го остават својот надземен отпечаток на моето избраздено лице, да ја вселат сета среќа на овој свет во моево мало немирно срце, убеден дека танцот никогаш нема да престане....никогаш.....
Нем, неподвижен, лежам во својата постела, и во неврат ја испракам мојата пепелашка, малата пеперутка, како здив на ветре, како капка роса, како нежен утрински зрак, како допир на прекрасен ангел....во неврат, низ прозорецот на вечноста, таа прекрасна танчерка на ветрот, заминува, а јас.......
Нем и неподвижен, КАКО ДОПРЕН ОД АНГЕЛСКИ РАЦЕ се подготвувам да ја дочекам ноќта, мојата најверна љубовница, мојата дрска неверница, мојата блудна сопатничка.....ја чекам, да ми ја даде сета причина на светов да го подготвам мојот олтар, мојот пиедестал од запалени свеки, и.....да ја дочекам со наклон, смирено, мојата танчерка на ветрот, мојата пепелашка, малата пеперутка...и
Нем и неподвижен, а нејасно одважен, го танцувам повторно..... НАШИОТ НАДВРЕМЕНСКИ ТАНЦ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 21:04

Во бескрајот загледан и нем, тишината во солзи јас ја гушам.
Ко дете изгубено и само, со немирен поглед и надеж, насекаде те барам.
Јас...несрекникот беден, што доцна се сети, од тебе, ...да... само од тебе, како питач на аголот од влажната улица....да побарам....ЉУБОВ.
Која ли само несрекна звезда безусловно и слепо ја следев, со надеж дека до тебе ме води.
Која ли само музика тивка, од Панот проклет ме однесе во неврат, та заскитан така, неуморно да газам по стапки....по кои љубовта не минала никогаш....никогаш.
Те сакам, но веке изгледа е доцна, тој глас не допира така. И наместо песна, и наместо љубовен шепот, како војничка труба те пара, и боли, и мами, во немир....во неврат....во болка, ја претвори твојата искрена желба...
Желба, за, крај мене ти вечно да бидеш, како ангел, што приличи на искрена душа, што невино, со звукот на тивката харфа...вели...ТЕ САКАМ.
Заминуваш, и дождот твоите траги ги мие, а јас ...јас, во бескрајот загледан и нем, те следам, и велам...ВРАТИ СЕ...за миг барем до мене да бидеш, врати се....без твојот мирис и воздухот отров ке ми биде, ЕЈ...ВРАТИ СЕ...се повторно да биде ко некогаш...ко секогаш....ко никогаш.
И само поздравот далечен го видов, таа рака крената кон небо, што звездите ги милува нежно, а боли, ли, боли и гори, ја чувствувам на моето лице.
Тој белег на вечната љубов неизбришан ке стои на мојот образ, безобразен пораз, од сопствени солзи без здив удавен да сум, а не сум, јас дишам...и солзите полека ги бришам...да не гледаш болка, но непокор чуден, што засекогаш и во сонот ке ме чува буден, за случајно, можеби утре ил нареден ден, ако те сретнам, исправено пред тебе, ко војник ил ангел ке застанам и викнам...ТЕ САКАМ.
Те сакам, јас безвреден и ситен, те љубам до болка, неисцрпно, длабоко и силно....те сакам ко никого никогаш и нигде...те сакам...те сакам , а....ПОВТОРНО ТЕ ГУБАМ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 21:08

Со немирен поглед, навлажнети очи и сиот во трепет, јас чекам...те нема.
Ох, зарем е можно, тебе те нема.
И сето небо слезе, на плеки ми легна, тежи, проклетото небо, што поглед ми краде...гледам, а тебе те нема.
Посестрима небесна ко невеста, под рака дрско ме зема...а тебе, тебе те нема.
Магла, безобразно белило ме фрла во очај, не неможам веке да гледам, да следам, и таа, проклетата гласот ми го зема...тебе те нема.
Здогледувам сенка, се движи во нокта, низ хоризонтот што од очиве погледот го зема...не, не си ти...тебе, тебе те нема.
А зошто, зошто некој постојано...ЗЕМА, зошто ли краде и срце и соништа мои, и надежи, додуша кревки, немокни, бледи...а сепак важни, незаменливо важни..и тажни, надежи, што неспокој будат, и не велат тие...ке биде, но...БЕШЕ, а сеуште тлеат, јас трагам...низ маглата густа...посестрима небесна пуста, мрачната невеста...и таа сал зема... е НЕМОЖЕ...НЕМА...соништата мои не ги давам НЕ, ти проклета сива празнотијо-бегај, и повторно ке биде тоа што БЕШЕ, од градиве ко ураган здивот мој беснее и сите грижи и горчини, оваа бура незадржлива, дива...
Заминаа тешките дисаѓи, бремиња жешки...јас повторно сонам, маглата бега, не повеке таа не ме стега, од подрака ко развигор се извлече,таа, и замина кон братот свој, во небесна шир...јас стојам, барам и чекам, јас стојам мирно, со вкочанет поглед, спокоен, тивок....а тебе, тебе, тебе те нема.
И врелата солза низ лице се слева, јас очите свои ги затворам сега, и тонам во сон, кај вечно си моја, ти... весела, нежна, прекрасна вило, и таму засекогаш, ке биде што било...и солзата своја ко утринска роса, низ очи затворени не ке ми бега, јас за тебе вечно ја чувам, и нема, не, од мојот сон, повеке никој не ке може ВАС ДА ВЕ ЗЕМА.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 21:17

Чудесна потрага по самиот себе започнав. За неа веке бев сигурен...дека ја пронајдов. Постоеше првична резервираност, морам да признаам, кај мене, се обидував да и се спротиставам на таа чудна врелина која ми ги согоруваше градите. Се обидував да ја одбранам мојата подла и претенциозна машкост, сакајки да си докажам дека, ова е само резултат на мојата неодоливост...о, подол и безобразно дрзок нарцису. Но не ми успеваше. Повторно и повторно се будев сред ноќ, сонувајки ја НЕА, мојата ноќна самовила, мојата потреба, мојата болка, мојата крв и мојот одново започнат живот. А таа, таа стоеше така настрана, како мало дете кога стои пред излог полн со слатки нешта, кои толку силно ги посакува, но, покорувајки и се на вољата на родителите ( во случајов..некој сосем друг) се опира и не им се препушта. Штетно е...и беше речено. Штетно е да им се препуштиш на слатките. Но, на крајот не издржа. Проговори нејзиното срце, и го побара моето. Се сретнавме тоа утро, и како никогаш досега, како никогаш и да не сум постоел, ја земав во прегратка. Прегратка проткаена со трепет од страв, од љубов, од страст, од неизвесност, од извесна вљубеност, од болка....што двајцата сме ТУЃИ.
Посветеност, е она што од неа го научив. Посветеност е она на што сум му се заветил. Посветеност е посестрима на љубовта, и мајка на вечноста.
Ја љубам. Но моја нема никогаш да биде. Ке сподели понекогаш некоја тивка ноќ со мене...полна со воздишки и болка. Одиме по ист пат, на спротивните страни од коловозот, и не можеме да ги допреме рацете. Но, срекен сум сепак...НИЕ ОДИМЕ ПО ИСТИОТ ПАТ.
Можеби некогаш и негде ке не спои ... КРСТОПАТОТ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 00:27

Некаде во длабочината на мојот неспокој те сретнувам повторно, неуморна, горда на сопствената надопирливост, а сепак - тажна.
Се обидуваш од моето повредено тело да го истругаш секој спомен на тебе, како виор, секој лист од бесценето богатата крошна на осамената липа.
И колку подлабоко гребеш, од секоја рана избликнува вруток на љубов и ко лава тече низ моиве раце, а гори, до непребол гори...и боли, дали некогаш знаеше дека ке боли ? Замижувам и полека слегувам во сопствените длабошини, во потрага по изгубената душа, а всушност со надеж дека некаде таму, можеби веднаш, ке сретнам дел од твојата душа, осамена, можеби тажна, секако.....секако не спокојна.
Слегувам, а безбројни кругови ме носат далеку и се подалеку и чинам, јас никогаш нема да се вратам, но згрешив. По којзнае кој пат, згрешив, о проклетство на неизмерната љубов...
Стасав до крајот, изнемоштен, правлив и леплив од крвта што гребејки ја пролеа, омелушен, омален, мал невпечатлив, небитен...ја подигам мојата уморна глава....
Се исправив пред сопствениот лик. Зарем нема никој веќе, зарем повторно сум САМ. А далечен глас неспокоен, шепне....САМ...ко некакво ехо, одговор беден....САМ...
И невеста, самовила чиниш, во бело, ко прекрасен сон, ја зеде мојата рака, а јас....јас....возбудено чекам од неа збор, и утеха...надеж....да, да, на тебе личи....
Но трескот некаков, заглушен на колена ничкум јас паѓам, а секаде души во немирен танц и порој од солзи, изгубени бедни изгнасени лица....во адот, јас....во адот љубовен паднав и поврат ми нема...
Занесен дури ни КЕРБЕРОТ снажен и одважен го одминав, а можеби тој ќе можеше, а можеби тој..ил можеби ти...или јас...или јас и ти ?
Ќе можеше ли некој од нас од адот темен да извлече се, да подаде рака....да прозбори ил, можеби песната тајна ангелска тивко, го развигор, ќе запееше, дал јас...ил ти...ил јас и ти ?
Деветиот круг е мојот дом сега. Деветата порта на неповрат моето срце ја пројде. Деветиот месец на ТЕШКАТА љубов не носи добро, но разделба раѓа....проклетнице. Те чекам со ПАНОТ, со музика тивко што кавалот негов ја свири сал за тебе, невесто моја, на Адот убавице....за свадбата наша, со илјада души изгубени, бедни...ко сватови за љубовта наша покојна жедни.
Те чека твојот младоженец адов, ко заштитник на твоето изгубено срце, кое од себе самиот го штитам, а овде го најдов...те чекам.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedЧет Мар 01 2007, 23:15

Утро, онака поспано и тешко, чиниш на плеките ти натежнал сиот космос. Чекорам по долгиот ходник и несомнено сеуште неодвоен од прегратката на сонот, како новороденче кое грчевито се бори за првиот здив, а едноставно неумее да и каже збогум на безбедната врска со утробата на својата мајка, му велам до скоро видување на сонот. И како од бајка пред мене се создаде - ТАА. Не постои збор, нит приказна, ни поема која може да ја опише нејзината убавина, чекор на млада газела, поглед-од злато поплочен пат до вечноста, и ѕвон, понешен од харфа, а чиниш посилен од црковно ѕвоно-ДОБРОУТРО. Се заробив себеси во сопствената неумешност да се изборам со самиот РАЈ, кој како да беше донесен пред мене и претставен во сета своја убавина.
Не умеев да изустам ни збор, пред неа нем, се обидував да научам да зборувам, и....се излеа како извор....ЈАС СУМ....СИРАНО. Веднаш ме прободе како бодеж нејзината воздржаност, и со грациозност достојна за шумска самовила ми пријде и ја подаде раката, неможев да се соземам, сакав да ја примам во прегратка, и потоа, можеше да ми се случи, се, не се грижев веќе. Ја примив раката, тој нежен допир и помислив, ангел ме допре...не...не претерувај...тоа е само...ЉУБОВ.
А како можев да знам, па јас и не ја познавам. Не...јас како одсекогаш да ја познавав. Од каде ли само ја познавам. Не се секавам. Од градот. Не. Не знам.
По краток разговор, сега веке окуражен, се завртев и...понесен од сопствената глупост, од гордоста моја, заминав.
Со секој нов чекор, по скалилата, наолу, како да ја слекував облеката на запуштен старец, на од господа заборавен сиромав, се преслекував во принц, во прекрасен оклоп, горд и силен...и се сетив. Ја познавам од моите сништа. Таа е мојата нокна самовила. Таа е мојата скриена ЉУБОВ.
Се родив одново.
ЗАПОЧНА МОЈОТ ЖИВОТ....МОЈАТА БОЛКА....МОЕТО БОЛНО ИСКУСТВО ЗА СУРОВОСТА НА ОВОЈ БЕСПРЕКОРНО ОЧАЕН...ЖИВОТ.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_minipostedЧет Мар 01 2007, 23:31

Proof напиша:
Од каде ли само ја познавам. Не се секавам. Од градот. Не. Не знам.


ЈАС ЗНАМ !!! lol!

иначе стварно ти се супер текстовиве, стварно си надарен! само продужи така (и дај бе помогни нешто ако треба бе ! ке те кажам на М****а Razz )
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Sponsored content





Пишуваме на тема... - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 3 Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Пишуваме на тема...
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Литература-
Отиди до: