Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Пишуваме на тема...

Go down 
+12
vamp-girl
Efi
ivancelovemusic
Karate Kid
zoko
Анастазија
DJ_Stole
High_Voltage
NaTaLi
Proof
smiley :)
Moscow_BoY
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5
АвторПорака
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 17:26

Proof напиша:
Од празното училиште доаѓаа шумови и крикови, ѕидовите беа полни со испишани зборови, во различни бои - од крваво црвена до небеско сина, магиите со кои силите на двете страни растеа или паѓаа, на бојното поле без победник или губитник... Неговата визија не кажуваше повеќе...

Се разбуди. Во неговиот сон, ги почувствува ударите на сечилата, бојните труби и тапани, како и изливите на тага или гнев по секој паднат воин, ангел или ѓавол... Не знаеше која е причината за оваа битка. Но знаеше дека чудовиштето - демон беше дел од неа, го почувствува неговото присуство. Зошто сега, зошто нему му се јавуваа овие визии? Тој се откажа од битката одамна...

Погледна околу неговата соба. Заштитните амајлии и артефакти го опкружуваа неговиот простор за одмор, обидувајќи се да се вклопат во модерниот инвентар како трнови во градина на рози... Ниеден дух или моќ не беа доволно силни да и се спротистават на таа заштита, но сепак, никогаш не се чувствуваше целосно безбеден, откако дозна за постоењето на демонот. Не можеше да дознае ништо повеќе за него, освен дека ова не му беше првото убиство. 6 убиства, сите на истиот начин...
Мораше да најде начин да му се спротистави, иако неговите моќи сеуште беа без контрола... и неоткриени... Визијата му го покажа и следниот чекор...
Стана и ја напушти собата. Можеби сега беше време да отиде во старечкиот дом и да ја посети мајка си. Истата онаа мајка која никогаш не го сакаше и која трипати се обиде да се ослободи од него...

„Здраво мамо.“

„Проклет кучкин сине! Бегај ми од погледот... Што сакаш од мене? Не ме гледај во очи!“

„Немој ни да пробуваш да ми наредуваш, мајко. Одамна твоите закани не влијаат на мене. Многу добро знаеш дека имам сретнато стопати пострашни и покрволочни суштества - демони од тебе...“

„Не сум демон...“ Со речиси расплакани очи го погледна за кратко, поглед кој значеше многу за младиот човек. „Што сакаш од мене?“

„Не знам. Знам дека требаше да се сретнам со тебе денес, на ова место и во ова време. Треба да ми кажеш нешто, што можеби ќе ми помогне да се соочам со едно зло суштество. Демон без душа... Убиец на девојки... сите родени на полна месечина...“
Во очите на жената светна мала искра, но се обиде да ја скрие возбудата која тлееше во неа.

„Не знам ништо за тоа...“

„Лажеш. Забораваш дека овде сум дојден заради причина. А таа причина си ти. Кажи ми што знаеш, инаку ќе те прогонувам на начини пострашни од сите твои кошмари...“

Жената се насмевна со цинична насмевка, за прв пат погледнувајќи го долго во очите.

„Ти си мојот најстрашен кошмар. Од денот кога се зачна... Можеби треба да знаеш. Можеби тоа е единствениот начин да се ослободам од тебе...“

Старицата ја започна својата приказна.

„Бев ќерка во добро ситуирано семејство, како што добро знаеш... Но татко ти беше се она на што бев учена да се спротиставам... Беше инкарнација на бунтовноста и непокорот, единствено покорен на своите чудни книги, од кои ги влечеше своите магични ритуали. Бев заведена од неговиот шарм, водевме љубов на средината на ритуалниот круг со часови... Утредента го најдов мртов, со сите негови работи уништени... Животот ми стана вистински... пекол, можеби. Но вистинскиот кошмар започна оној судбоносен ден кога дознав дека сум бремена, и ме посетија двајцата... Еден ѓавол и еден анѓел, нудејќи ми договори за моето неродено чедо. Отпрвин не им верував, но ми се покажаа во нивната вистинска форма... Ми го покажаа пророштвото за... Седмиот Син на Седмиот Син... Приказна за лозата на пророци и исцелители, нескршената линија на луѓе со огромни моќи, секој со свој правец, избирајќи го доброто или злото за свој водач... Ми рекоа дека ти си следниот... Морав да се борам со самата себеси... И тогаш, дојде чудовиштето, кое бараше да те предадам... Немоќни да се борат против него, се обидоа да ме заштитат. Ги жртвуваа нивните животи - ако така можат да се наречат, за да те спасат. Јас не им вредев... Трипати ме пронајде... и трипати еден пар на непријатели се жртвуваа за да те спасат... Сепак, ти си мое чедо... се обидов да се борам против твојата судбина, но не можев...“ Продолжи да плаче и разбирлив збор не излегуваше од нејзините усни. Го напушти комлексот и си замина дома. Барем дозна за своето пророштво... и за Крадецот на Пророштвата. Знаеше и каде треба да го бара... Беше време да се врати... Да ја земе пак книгата со магии и да ги повика слугите на светлината и темнината да му помогнат во неговата мисија. Демонот мораше да биде победен. А девојчето кој тој го бараше, да се спаси... Не можеше да носи уште едно убиство на својата совест...
Замина на стариот пат, кој го водеше покрај главниот штаб на тајниот ред на Набљудувачите... Требаше да ги земе своите работи, пред да биде доцна... А и да дознае повеќе за Седмиот Син на Седмиот Син...

На патот кон редот размислуваше за својот живот во сосема поинакво светло... Беше Избран, за прв пат во својот живот... За прв пат разбираше дека сопствената цел и судбина не се само прашање на визии и матни магии...

На патот низ уличката кон штабот одеше без да размислува за своите чекори, следен од сенките, слуги и господари на илузиите, со кои го криеше своето присуство. Од мислите го разбуди тивко мјаукање. Никогаш досега на овој пат немаше сретнато жив човек или суштество, само немите гласници на смртта... Овојпат, на патот имаше едно мало маченце, кое гледаше во него... Се наведна да го погали, забележувајќи дека мачето се обидува да се тргне од неговиот допир, како да му причинуваше болка. Погледна повнимателно и забележа дека мачето е повредено од едната страна, најверојатно од некој невнимателен велосипедист или возач... Погледна во неговите очи, обидувајќи се да го смири со вештините кои ги научи од братството... Мачето го погледна смирено, по што се почувствува сигурен да ја стави својата рака на раната.
„Те молам, проработи... Мачево ќе умре ако го оставам само, а, а... немам време да се погрижам за него... не заслужува да умре... Не направило никаков грев... “ Во мачето се виде себеси и девојчето кое го испрати... го виде животот кој можеше да го имаат, ако демонот не влезеше во нивните животи... Од неговите раце излезе чиста светлина, која полека го вршеше неопходното исцелување... Полека, мачето се исправи на своите нозе и откако го погледна за момент, исчезна во темнината... Стана од земјата. Го допре своето лице... наоѓајќи ги солзите, како никогаш порано... можеби не беше доцна за да спасува некого... макар и себеси...

По неговото заминување, на местото каде што стоеше мачето, се појави силуета на млада жена која гледаше во правецот каде што Сил замина... „Можеби сеуште има надеж...“

Ова мора да оди на точка!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 18:47

Зашто?
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 19:30

Оти е јако!
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedВто Јун 19 2007, 19:09

Тивко тонење во мојата сопствена алтернативна реалност на мрачни сенки и илузии позајмени од првиот скитник што го сретнав на патот.Секогаш мистериозност...некоја посебна аура на желба кон некого...кон нештонегово и сопствено.

Ги кршам прстите на рацете на истиот начин на кој што ми го скршија срцето...полека со намера и задоволство.

Се растргнувам сам себе помѓеу реалното и алтернативното...не знам што ми е поважно...зошто имам толку голема потреба да спијам.

Сурово е.

Тонам, тонам без звуци во исценирана и лажна тишина.

Колку е тоа иронично?

Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 33
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedВто Aвг 14 2007, 01:01

ајде малце лажичка...

зар не се сеќаваш кога сонувавме,
зар не се сеќавеш кога градевме кули и мостови,
кога бевме едно и не ни требаше ништо повеќе..
што бев јас за тебе?
а што сум сега?
дали ти фалам барем малку..?
мораше ли така, а мислев ме сакаш!
на летното небо звезден прав плисти,
и ноќите се исти,
се е како она лето кога бев
јас, сосем своја ,
пред да те запознам тебе,
но облак темен руши мечта,
реалноста склучила суров пакт,
на тебе мислам пак!
и дождец ситен кога роси,
како кога цутеа липите,
стоевме така на крајот на една пролет...
сега е отров липата,
толку мил цвет
и премал е сиот свет,
за да избегам от тебе...
ноќта е измачување,
утрото не нуди спас,
барем едно збогум да кажеше,
за спомен на нас!
Вратете се на почетокот Go down
Kristijan Cepas
ново членче
ново членче



Број на мислења : 1
Age : 31
Registration date : 2008-02-10

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedНед Фед 10 2008, 14:27

abe koj se temite na pismenata rabota po mak
Вратете се на почетокот Go down
девојчето со кибритчиња
ново членче
ново членче



Број на мислења : 1
Age : 31
Registration date : 2008-10-10

Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_minipostedПет Окт 10 2008, 10:16

Moscow_BoY напиша:
Што носат ? Господе ?
Каде да го легнеме ? - праша полицаецот, гледајки наоколу.
Го згазиле на улица...
Жена стоеше сета побледена и тешко збиваше. Децата се исплашија. И реков, успокоите се, ќе опорави, јас ја видов кочијата. Меѓутоа не, таа не беше жена која уште одма паѓа во несвест. Насокоро летна една перница кон полумртвиот.
Наскоро дојде докторот, по прегледот го прашав за прегазениот, но немаше надеш. Ни најмала ! Имаше изгубено многу крв, за 10тина минути без друго ќе беше мртов.
Тој постојано сакаше да и рече нешто на жена си, неуспешно мрдајки со усните. Таа само му велеше Молчи, не треба, и без тоа не знаеш што да кажеш...
Дотогаш не ја забележа неа, таа стоеше во ќошето и во сенка.
Кој е тоа ? Кој е тоа ??? Покажувајки растревожено каде стоеше ќерка му, мачејки се да се поткрене.
Лежи ! лежи-и !!! му свика жена му,
Но тој со неприроден напор успеа да се потпре на рака. Избезумено и вкочането, гледаше извесно време во ќерка си, не можејќи да ја познае. Но тој ниеднаш дотогаш ја не беше видел во таква облека. Наеднаш тој ја позна, понижена, степкана, прекумерно изнадотерана и засрамена, која покорно го очекуваше својот ред да се прости со татка си што умираше. Бескрајно страдање се покажа на неговото лице.
Ќерко ! ќерко ! прости ми ! викна тој и штотуку посака да протегне кон неа рака, но бидејки изгуби опорка, падна и се струполи од диванот, право со лицето наземји.
Се втурнаа да го кренат, го легнаа, но тој веќе издивнуваше.
Ќерка му спиште, притрча, го прегрна и така замреа во таа прегратка. Тој умре во нејзините раце.

и ќе се фалиш дека ти го напиша?
срамота!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Пишуваме на тема... - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пишуваме на тема...   Пишуваме на тема... - Page 5 Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Пишуваме на тема...
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Литература-
Отиди до: