Во
непосредна близина на тврдината “Кале“ и црквата “Св. Спас“, на една
убава тераса, па горниот раб од Старата чаршија, од каде има поглед на
целата околина, се наоѓа една од најмаркантните џамии - Мустафа
пашината џамија.
Неа ја изградил заповедпикот на Скопје, Мустафа
паша, во 1492 година, што е видливо од натписот на арапски јазик на
мермерната плоча над главната влезна врата.
Со своето витко минаре
и импозантната купола, џамијата ги надвишува останатите џамии во
градот.Минаре то е изградено од делкан бигор,нешто побел од останатиот
бигор на џамијата.Проширениот дел од минарето е мермерен, украсен со
орнаменти.
Џамијата има упростен квадратен простор, покриен со
купола и трампи. Пред неа е поставен трем на четири мермерни столбови
со 11 куполи.
Првобитниот шадрван, подигнат од Мустафа паша, денес не постои, бидејќи постојниот е подоцна обновен.
Мустафа-паша починал во 1519 година и бил погребан во турбето, што се наоѓа покрај северо-источниот ѕид на џамијата.
Источно од Бит-пазар, на јужниот дел од платото се наоѓа Султан
Муратовата Хјункар џамија. Султан Мурат II, таткото на султан Мехмед
Освојувачот, во 1436 година ја подигнал џамијата како своја задужбина.
Таа е единствена џамија, задужбина на турските султани на овие
простори. Оттука и името „хјункар,,, што значи султанска или
господарска џамија.
Џамијата страдала во немилосрдните пожари од
1537 и 1689 година. Обновена е во 1712 година по наредба на султанот
Ахмет III, а во 1912 година биле извршени последни поправки.
На
предниот дел од џамијата, на плочките со турски натписи, впишани се
имињата на султаните и датуми кога џамијата е подигната, односно
обновена. Во подигањето на џамијата учествувал мајсторот Хусеин од
Дебар. Пред неа подигнат е широк трем кој се држи на столбови, со
пластично декорирани капители, поврзани со аркади.
Внатрешниот,
квадратен простор е разделен со два реда столбови, поврзани со
полукружни сводови на три нееднакви кораби. Покрај тоа има гробови со
турбиња. Во едно од нив, подигнато во1558 година, погребана е ќерката
на султан Мехмед Величенствениот.
Во катастрофалниот земјотрес од
1963 година џамијата е доста оштетена, но, благодарение на финансиската
помош од градот, врз неа се извршени потребните поправки.