Joost
е онлајн телевизија која ја осмислиле создавачите на Skype. Последните
неколку месеци проектот е во бета верзија и имал неколку илјадници бета
тестери, а сега нивниот број значително ќе се зголеми.Концепт за онлајн телевизија не е нов, но Joost смислил начин за
дистрибуција на видео материјали преку 2p2 протокол во реално време,
факт што го прави проектот многу интересен.
Joost одржува сервери со свои видео материјали, но се очекува дека ќе
им биде потребен многу помалку расположлив трансфер на централниот
сервер поради приклучувањето на p2p протоколот бидејќи секој гледач ќе
стане мал сервер за гледање на видео материјали.
Добар дел од најпопуларните програми ќе бидат стримани со компјутерите
на корисниците, а помалку популарните програми и онака нема да
претставуваат некое посебно оптеретување за серверите на Joost.
Последните неколку месеци услугата ја тестирале неколку бета тестери, а
сега на нив ќе им биде дозволено испраќање на неограничен број на
покани за други тестери. Проектот сеуште ќе остане во бета верзија, но
либералниот систем за повикувања би можел да го направи многу популарен.
Да се потсетиме само на Гугловиот сервис за електронска пошта Gmail,
кој многу долго време беше во бета верзија и функционираше само на
принцип на повикување, па популарноста многу брзо му порасна.
Joost кога ќе излезе од бета фаза ќе остане бесплатна телевизија
благодарение на рекламите кои се прикажвуаат за време на видео
стримингот.
Предупредување за потенцијалните корисници: онлајн телевизиите
генерираат голема количина на сообраќај, Joost уште повеќе бидејќи во
исто време и качува материјали кои корисникот ги превземал за време на
нивното гледање.
www.joost.com