Иранските мажи повеќе несмеат да се шишаат, ниту да се бричат на "западен" начин. Не се знае како точно изгледаат "западните" фризури, ама се знае дека за непочитување на одредбата, иранските бербери ќе кркаат казни.
Иранските власти на берберите во техеран им доставиле писмен налог во кој строго им забрануваат иранските мажи да ги шишаат или да ги бричат на западен начин, објави иранскиот весник "Етемад".
Во налогот кој го добиле иранските бербери, не е точно прецизирано што точно властите подразбираат под "западни фризури". Во случај берберите да ја прекршат забраната на "западните фризури", им се заканува одземање на дозволата за работа.