За љубителите на Мозила - Firefox
2.0
Иако новата верзија на Firefox веќе некое време можеше да се симне
директно од ФТП серверот на Мозила, од Мозила ги молеа корисниците да ја
причекаат финалната верзија од овој производ. Сега и тоа се
случи.Firefox 2.0 носи благо променет изглед на функционалноста,
зголемена сигурност, ситни промени во работа со табовите, можност за враќање на
своите отворени табови во случај на рушење на прегледноста, исправка на многу
багови и уште некои ситни работи, чии што комплетен попис може да го прочитате
овде.
Се на се, станува збор повеќе за ситни
подобрувања отколку за нешто големо, но тоа може да се потпре на аргументот дека
Фајрфокс и досега работеше многу добро, а верзијата 2.0 е само еден фино
исполиран и усовршен производ.
Firefox 2.0 може да го симнете од неговата
службена
страница.