Ги следи глас дека се неудобни, непрактични, потполно негихенски, а сепак
- жените ги обожаваат. Веќе неколку сезони се обидуваат да излезат од
мода, но и понатаму се присутни. Во Америка се модерни - оние кои
излегуваат надвор.Вистинските танга гаќички, или подобро кажано предходниците на овие
денешните ги носеле членовите на бразилско-индијанското племе.
Сепак, тангите на какви што сме ние навикнати се носеле во 70-тите
години од минатиот век, односно кога започнала нивната втора кариера.
Иако многу сметаат дека тангите се измислени да ги хипнотизираат мажите
по плажите на Копакабана, тие се дизајнирани од практични причини.
Имено, тангите се измислени со цел да не се собира толку многу песок кога се бањате во некоја песочна плажа.
Во 1981 година американската компанија Fredrick's of Hollywood го
препознава потенцијалот на тангата и го преплавува американскиот пазар,
а подоцна и европскиот.
Светската модна сцена која ги диктира трендовите на сите модни
случувања, која повеќе открива отколку што покрива, се соочува со
светски познатите доктори ширум светот.
Овој тренд на долна облека, според докторите би требало да се повлече
од продажба, мислејќи дека танга-гаќичките се изработени од штетни
синтетички материјали.
Моќните трговци го искористиле ова како маркетишки трик. Така на пример
во очи на судењето на Мајкал Џексон тие продавале танга гаќички под
името I support Michael по цена од пет фунти.
Моментално овој тип на гаќички се едни од најпопуларните на светот,
најбитниот дел од долната облека без која жените не можат да си го
замислат животот.