Google преку својот сервис Gmail моментално на корисниците им нуди 2.8 GB простор за виртуелното сандаче, додека Live.com на Microsoft корисниците ги ограничува на 2 GB. Yahoo одлучи да отиде чекор подалеку и на сите корисници да им понуди неограничено големо сандаче за електронска пошта.
Сите корисници на Yahoo Mail ќе можат да уживаат во новата понуда од мај годинава, кога Yahoo ќе одбележи 10 години од претставувањето на својата услуга - е-поштата. Во далечната 1997, Yahoo Mail заживеа како услуга која на корисниците им овозможуваше виртуелно поштенско сандаче со капацитет од 4 МВ.
Yahoo Mail моментално има 250 милиони корисници. Со обзир на тоа дека Live.com има 228, a Gmail околу 50 милиони корисници, Yahoo и понатаму е најголемиот сервис за е-пошта на светот.