Две до пет шолји чај од нане дневно може да ја намалат влакнетоста кај жените. Чајот го намалува нивото на машки полови хормони што предизвикуваат растеж на влакна по лицето и градите кај некои жени.
Турските научници покажале дека алтернативата на оралната контрацепција и лековите што служат за сузбивање на андрогените, може да биде чајот.
Не е познат точниот број на жени кои имаат вакви проблеми, но според British Skin Foundation секоја четврта жена во менопаузата редовно ги отстранува несаканите влакна од лицето.
На мажите, пак, не им се препорачува да го конзумираат овој чај бидејќи лошо влијае на нивното либидо.