Куса нирвана
Теоријата која стои зад Наполеоновиот комплекс, дека ниските луѓе се поагресивни и повеќе сакаат да доминираат со оние кои се повисоки од нив, се покажала како сосема неточна во најновите англиски истражувања.
Резултатите од истражувањето на Универзитетот од Централен Ланкшајр, покажуваат дека високите луѓе многу побрзо го губеле расположението и станувале по агресивни.
Во студијата учествувале десетина лица со просечна височина и исто толку лица со висина до 167 сантиметри, кои биле поделени во парови. Дел од учесниците според инструкциите на научниците ги провоцирале своите партнери во истражувањето (на кои им било кажано дека се на тестирање за нивните физички способности) удирајќи ги со стапчиња по зглобовите. При ова, истражувачите го бележеле времето на реакција на учесниците и координацијата на очите и рацете.
"Резултатите го подржуваат ставот дека синдромот на мали луѓе е мит. Кога луѓето ќе видат некој агресивен низок човек тие веднаш помислуваат дека тоа е резултат на нивната големина, бидејќи тоа е неговиот најочигледен атрибут, кој веднаш им го привлекува вниманието," објаснува шефот на истражувањето, докторот Мајк Если.
Што мислите вие на оваа тема, и што би сакале повеќе, да сте високи или ниски, и за колку ... ? Еве јас на пример, би сакал уште едно 10-15 сантима да се пораснам...
Со оглед на тоа што сеа наполнив 16 не барам многу