Порано тетоважите значеле "мрачен имиџ". Се поврзувале со морнарите,
различни грубијани, "опасни момци". Жените кои на овој начин го
украсувале своето тело, биле сметани за личности со "лесен морал" или,
евентуално, агресивни жени кои на тој начин ја искажуваат својата машка
природа. Таквиот имиџ одамна е променет – денес може да имате и
неколку тетоважи и отворено да ги покажувате. Ако вашите тетоважи не
покажуваат некоја недолична или навредлива глетка, никој на нив нема да
обрнува многу внимание.Плус, тетоважите се во тренд. Слично како
и пирсингот и тетоважите малку влегуваат во тренд, малку излегуваат од
него. Така, не е посебно необично ни ако "нормална и тивка девојка"
посака некој убав украс кој горделиво ќе го покажува наоколу или,
можеби, нешто што ќе биде на чувствително место и само одбрани ќе можат
да видат. Прашањето кое најчесто се поставува во денешно време е: колку
е тетовирањето безбедно, посебно ако имате чувствителна кожа?За
време на процесот на тетовирање, бојата се вбризгува во кожата. Тоа
значи дека ако не се преземени темелни мерки на стерилизација, постои
можност за инфекција, па и зараза. Ова со можност за инфекција и/или
зараза важи за сите. Ако имате чувствителна кожа, може да бидете
сигурни дека прилично долго време кожата на местото на тетовирање ќе
биде иритирана – што значи дека прилично долго вашата тетоважа нема да
делува како украс, туку тој дел од телото ќе сакате да го скриете.
Ако го прочитавте ова дали би сакале да ставите тетоважа и каква?