И пеналите се фудбал
Бордот
на Фудбалската лига (кој ги опфаќа сите натпреварувања во Англија и
Велс, освен Премиер лигата) разгледува предлог за промена на правилата
според кој сите нерешени натпревари ќе мораат да бидат решени на пенали.
ББЦ
пренесува дека во текот на идната недела треба повторно да се сретне
претседателот со членовите на бордот и дека најверојатно тогаш
попрецизно ќе се одреди имплементирањето на новите правила.
Иако директно не е засегнат со новото правило, според Венгер ваквата промена нема да има големо влијание.
"Слично
нешто спроведоа додека бев тренер во Јапонија и на крај тоа повторно не
даде никакви спектакуларни резултати," изјавил тренерот на Арсенал.
Моментално
има два предлога за решавање на натпреварите. Првиот е традиционалното
шутирање пенали, додека според вториот фудбалерот ќе има 8 секунди да
даде гол откако ќе ја добие топката на средината од игралиштето.