луди германци ...
Повлекување на минатото
Како
"симболичен чекор," Германија планира постхумно да му го одземе
државјанството на Адолф Хитлер, што значи нему ќе му треба сосема нов
пасош ако сака повторно да тргне кон Полска.
Хилтер, кој
е роден во Австрија, морал да добие германско државјанство ако сакал да
напредува во својата политичка кариера. Неговата желба била остварена
од градот Брауншвајг кој на 25 февруари 1932-ра му дал државјанство на
идниот фирер. Тој го добил документот врз основа на неговиот 13-годишен
престој и служењето во германската армија за време на Првата светска
војна.
Предлогот за одземање на државјанството го поднела
претставничката на Брауншвајг во законодавниот дом на Долна Саксонија,
која ја добила поддршката од Социјал демократите.
Изолда
Салман смета дека е потребно сојузна држава да се дистанцира од
одлуката на тогашните германски власти со што на симболичен начин ќе се
осуди нацистичкиот водач и неговите ужаси.
Сепак претставниците во локалните служби сметаат дека барањето е бесцелно.
"Мртвите се мртви, не можете ништо повеќе да им земете," изјавиле неименувани извори за Шпигел.