Вембли отвори се!
Со
цела година задоцнување, компанијата Мултиплекс, му ги предаде на
англискиот фудбалски сојуз клучевите од новиот Вембли стадион, вреден
1,1 милијарди евра.
Сега
стадионот го очекуваат голем број тестирања кои треба да покажат дали
тој е подготвен за организирање на фудбалски спектакли, по овој повод
ќе бидат организирани најмалку две манифестации кои треба да докажат
дека тој е спремен за отворање.
Првиот пробен меч е закажан за
24 март, на кој селекторот на англиската репрезентација под 21 година
ќе ја има честа прв да го испроба стадионот и тоа против
репрезентацијата на Италија под 21-година.
Доколку ги пројде
сите инспекции и го добие сертификатот за безбедност од градот, Вембли
(чиј капацитет е 90.000) треба да биде домаќин на финалето на ФА купот,
закажано за 19 мај.