Nigga, please!
Градскиот
совет на Њујорк им забрани на жителите од сите раси во својот говор да
го користат зборот "nigger" (црнчуга) a со резолуција зборот се
прогонува и од од хип-хоп музиката, комедиите и шоу-бизнисот.
Одлуката
на никој начин не е задолжителна туку повеќе претставува симболичен
јавен повик до сите граѓани да прекинат да го користат навредливиот
збор.
Најголемиот парадокс е што иако зборот веќе неколку
децении е забранет за користење во јавниот говор, тој сепак најчесто е
употребуван од страна на црната популација на САД, во што предничат
музичките ѕвезди со Афро-американско потекло.
Додека едни го
поздравуваат ваквото решение, за многумина доколку тоа почне законски
да се спроведува ќе прерасне во прекршување на правото за говор. Од
друга страна голем број црни актери и пејачи одбиваат да прекинат со
користење на зборот од едноставна причина што "нема ништо лошо ако тој
биде користен од црнци".
Повеќе американски градови започнаа
слични акции како дел од расправата која започна по испадот на
комичарот Мајкл Ричардс во еден клуб за комичари.