Pippen love this game
Зошто
Скоти Пипен на 41-година ќе ја прекине својата 3-годишна пензија и ќе
се потегне повторно да се врати во професионалната кошарка? Затоа што
се што заработил во изминатите 40 години сега е - потрошено.
Само
една недела откако Пипен објави дека планира враќање во НБА, почнаа во
ред да застануваат некои од најголемите доверители на поранешната
ѕвезда на Чикаго.
Прва своите пари го побара У.С Банк, на која
Пипен според минатогодишната пресуда и должи 3,81 милион долари, за
позајмици и камати кои тој ги правел за потребите на својот бизнис.
Пипен
тврди дека сите погрешни бизнис одлуки се направени од страна на
неговиот поранешен агент кој тој го обвинува за загуба од 20 милиони
евра како резултат на лоши инвестиции и сомнително сметководство.
Според
Пипен, веќе десетина тимови се заинтересирани за него но очекува дека
со приближувањето на крајот од сезоната ќе започнат и поконкретните
преговори за рестартирање на кариерата.