И победникот би требало да е...
Откако
6-те илјади членови на Академијата за филмски уметности ги дадоа своите
гласови, конечно се познати победниците на 79-те Оскари. Секако, сите
освен типот што ги печати и пакува пликоата, ќе треба да почекаат до
25-ти февруари.
Меѓу најголемите фаворити за оскар е филмот
Покоен од Мартин Скорсезе кој високо котира и на филмските обложувалници.
Фаворит меѓу 24-те категории е и актерката Хелен Мирен која најверојатно ќе добие награда за улогата во филмот
Кралица, кој заедно со
Покоен,
Бабел,
Little Miss Sunshine и
Последниот крал на Шкотска се наоѓа во трка за најдобар филм.
Она
на што сите типуваат е дека Скорсезе конечно ќе ја освои златната
статуетка за најдобар режисер, што ќе биде и прв негов Оскар во
кариерата.