Работилници за слободен софтвер во Македонија
Во рамките на проектот на УНДП
„Поддршка на иницијативите за е-управување на локално ниво базирани на слободен софтвер (ФОСС)“, од 19-23 февруари 2007 ќе се одржат работилници/семинари за слободен софтвер во следните општини:
- Прилеп – 19 февруари 2007 г.
- Штип – 20 февруари 2007 г.
- Карпош – 21 февруари 2007 г.
- Тетово – 22 февруари 2007 г.
- Струга – 23 февруари 2007 г.
Во реализацијата на овие активности покрај УНДП учество ќе земат: ЗЕЛС
и општините Прилеп, Штип, Карпош, Тетово и Струга, Слободен софтвер
Македонија, Метаморфозис и МЕСА-Македонската асоцијација за е-општество
и нејзините членки - Фондациите за развој на ИТ во овие општини.