Гледањето ТВ - поштетно отколку што мислиме
Гледањето
телевизија може да им наштети на децата многу повеќе отколку што порано
се мислело, а воедно го зголемува и ризикот од лош вид, дебелеење,
преран пубертет и аутизам.Според статијата објавена во научниот магазин
Biologist, намалувањето на часовите поминати во гледање телевизија мора да стане приоритет за подобро здравје.Откриено
е дека гледањето телевизија го инхибира создавањето на мелатонин,
хормон кој влијае врз имунолошкиот систем, циклусот на спиење и
започнувањето на пубертетот. Се претпоставува дека пониското ниво на
мелатонин е причината што девојчињата многу побргу влегуваат во
пубертет денес, отколку во 1950-тите години, според истражувањето на
психологот Aric Sigman. Тоа е така и бидејќи тежината кај девојчињата
во глобала е зголемена.Заради пониското ниво на мелатонин, поверојатно е дека клеточната ДНК може да создаде мутации кои предизвикуваат рак.Меѓу поголемите проблеми предизвикани од гледањето телевизија во рана возраст се вбројуваат:
- појава на аутизам.
- перманентно оштетување на видот.
- како фактор, телевизијата повеќе предизвикува дебелеење, отколку желба за вежбање и диети.