Овде ставајте ствари рекла казала за некои славни се мувал со оној, раскинале ради тоа и така! еве пример! --->
Џастин ја мува Скарлет Јохансон
Џастин Тимберлејк завршил со евентуалните трауми по раскинувањето со Камерон Диаз и наводно и’ се пушта на Скарлет Јохансон.
Тинејџерскиот идол, кому неодамна му се разидоа патиштата со Диаз, по три ипол годишната врска, експресно почнал да ја дружи Скарлет.
Извори блиски на Џастин тврдат дека чашата се прелила кога Камерон Диаз збеснала откако разбрала дека Џастин лично ја одбрал Скарлет Јохансон за улогата на негова љубовна фиксација во неговиот нов спот What Goes Around.
Диаз не ја обича Јохансон уште од појавувањето на филмот ’Изгубени во преводот’ во 2003 година, каде што Скарлет ја има главната улога и каде што споредниот лик Кели – типична русокоса глуперда, наводно се базира токму на Камерон Диаз. Омразата само добила на интензитет кога Скарлет почнала да се гледа со Џаред Лето, инаку бивш дечко на Камерон.