Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека од 22 јануари (понеделник) режимот на сообраќај на градските и приградските линии на потегот од Транспортен центар до Комплексот банки ќе се промени. При тоа сите автобуси што ги опслужуваат градските и приградските линии, а поаѓаат од Терминалот кај Транспортен центар нема да застануваат на постојката што се наоѓа под Транспортниот центар во правец од населба Аеродром кон Центар.На постојката кај Комплекс банки во правец од населба Аеродром кон Центар застанувањето на автобусите од градските линии ќе биде на сегашната локација додека на приградските автобуси ќе биде 50 метри понапред од оваа локација која ќе биде прописно обележана, се наведува во соопштението на ЈСП - Скопје.