Тајсон сака да се проба со Роки
Силвестер Сталоне го одбил барањето на Мајк Тајсон да учествува во 6-то продолжение од Роки како главен негативец, од многу човечка и разбирлива причина - му било страв да не го убие.
"Мајк сакаше на филмот да боксува со мене, меѓутоа сметам дека тоа е лоша идеја. Знам дека не сум млад, меѓутоа се уште сум премногу млад за да умрам," изјавил Сталоне.
И покрај првичната "корпа," Тајсон бил упорен и уште неколку пати го контактирал Сталоне за улогата. На крајот Сталоне попуштил и му понудил на Тајсон улога во филмот, но само како дел од публиката во салата.
Освен реалниот страв на главниот лик, како причина поради која Тајсон не добил поголема улога во филмот, се наведува и неговата повеќе од очигледна надмоќност во однос на Сталоне, што значително би ја намалило "реалноста и уверливоста" на филмот.