Кинезите ги потрошија женитеМажите
во Кина се соочија со сериозен проблем при потрагата по избраничка на
својот живот, бидејќи нема доволно жени за сите нив. Моменталниот однос
изнесува 20 момчиња на 1 девојка, што може да доведе до појава на 30
милиони ергени до 2020-та година.
Кинеското
министерство одговорно за државната популациска политика, предупреди на
драстично зголемување на бројот на машки бебиња. Причина за оваа
нарушена рамнотежа е неодамна воведеното правило кое на родителите им
забранува да имаат повеќе од едно дете.
Овој нов закон
резултираше и со покачување на бројот на извршени абортуси, бидејќи
најголемиот дел од двојките настојуваат да имаат машко дете, кое
подоцна би се грижело за нив.
Зголемувањето на бројот на
слободни мажи може да доведе до социјална нестабилност во државата, со
што на кинеската влада и се отвори нов проблем – стимулирање на желбата
за раѓање женски деца.
Според извештајот, голема е можноста
до 2033-та година кинеската популација која моментално брои 1,3
милијарди да се зголеми за уште 200 милиони жители а бројот на луѓето
постари од 60 години од сегашните 143 милиони до 2040-та година да се
накачи на 430 милиони.
Среќа што ние имаме повеќе од доволно
))