Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Поезија

Go down 
+5
vamp-girl
Markou
Karate Kid
*@ne*
Proof
9 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 15:52

Тука можете да пишувате стихови.
Еве нешто од мене па вие продолжете
Не верувам веке во сонцето
над мене само облаци се збрале
не верувам во месечината
и неа како да ја магепсале
не верувам во приказни за среќата
во прегратки студени, ветувања
не верувам во погледи, бакнежи, милувања
не верувам во животот, во средби, надежи, ветувања.
Не верувам во солзите, лажни се,
не ме потсетувајте, не верувам, НЕ.
Не верувам ни во љубовта, кога премногу ветува
во страсните ноќи, во поезијата на телата
не верувам, полни се со измама.
Не верувам ни во тебе, кога зборуваш за неа,
не верувам, зошто не ја познаваш
ја гледаш, но не ја препознаваш,
велиш и се поддаваш, ја посакуваш, а сепак
на времето ја оставаш, со неа да пладнува
да ја измачува, да ја мами
да ја изнемоштува, од повторни ветувања, ветувања, ветувања
зарем не те истоштуваат празните ветувања.
Се зароби во времето, во просторот, во сегашноста,
го отфрли минатото, и нему му се поддаваш
а тој, тој некако одстрана, успева, повторно и повторно,
од времето да те одкраднува, и од мене
кој толку те посакува, те сонува.
Велиш, нит моја си....нит негова, а сега знам,
ја зборуваш вистината, нит моја си...нит негова....
на времето си затвореничка, и кралица си на осамата
а неможеш да не се залажуваш, моја најмила
дека си кралица и дека го совлауваш, од недела во недела...
ете...затоа не верувам, не верувам во НИШТО
и не и верувам на љубовта, таа не те ослободува
вечна си...заспана...убавица.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 16:10

Постојано во круг се вртам,
а зад себе не оставам ништо
го следам секој свој уморен чекор
зад секој свој чекор, осознавам - ПРЕКОР.
Постојано во круг, и барам
дал љубов, дал нежност, ил што е?
но темен е сиот тој декор
овој мој пат, велам вистинит не е.
Те барам, и лицата туги ко твоето ми се
во секој поглед пронаоѓам нешто
што на тебе личи, како очите твои да се.
Постојано во круг, а тебе те нема
се вртам на секој шум
каде си, дали тој навистина сета те зема
бескраен е замене, овој осамен друм.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 16:14

Ти неможеш ПОВЕКЕ, те чувствувам мила
штом силно до болка ги стегаш
тие прекрасни усни од свила,
усни кои некогаш неможеше насмевка да скријат
кои беа жедни по моиве усни, постојано
подадени, од нив љубов да пијат.
Ти неможеш повеке, а се би ми дала
би го земала срцево мое, во раката мала
и низ времето до бескрајот вечен би понела
се што имам, и душава моја би ми ја украла.
Се трудиш ти, моја мала газело,
се трудиш да зачуваш се што времето однело
да ме престориш мене во болка, за конечно
до крајот на светот да сум ти в срцето.
А јас, пак, засекогаш сам, останувам
а покрај толку лица, осамнувам, смрачувам
и живеам во толпа, од секакви души, но...
воздух јас немам, ме гуши, усни мис суши,
љубовта по која сал тага јас можам да ткаам
топлината твоја, по која ке мечтаам,
солзата која во окото твое некогаш беше,
а ти, ти, од студот ти било, ми велеше.
Засекогаш сам, ех Боже, зошто јас вистински
не ја сретнав САМ, слободен гулаб
со пригодна утринска песна, да најавев ден
со нежен допир на крилото мое, за неа
со љубовта моја, да направев животот да ни е посрекен.
Засекогаш сам и вљубен, со поглед некаде далеку изгубен
очекувам глас, постојано, секој нов ден, повик
кој барем за миг ке ме направи срекен, важен и исправен
мечтаам за допир, за насмевка, поглед по мене изгладнет
засекогаш сам, без тебе, и овој ден, од љубов е испразнет.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 16:34

Почеток, на љубов, несомнено најголема
ко вулкан, од градите, низ громови извира,
и порој, ко лава, од бакнежи-милувања...
погледи-лопови, усни навлажнети и очи радосни
во градите болка, од желби што горат
похота, страст, чувства навираат
и телото во грч-мисли патуваат
ноќите долги, а денови за ноќ-сонуваат.
Кон Бога молитви, за времиња идни
неминливи, среќа и солзи-преплетени.

И крај, сал спомени, незаборави
тишина, бескрајна, тешка ко планина
погледи изгубени, празни и далечни
чувства непознати, груби, измешани
и солзи, и трепет на усни, немоќни
погледи, во очај што повраток чекаат,
но залудно, изгледа, ти се надеваат.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 17:59

Како кандилце во мрачна калугерска келија,
како нем сведок на тајната недопрена,
ко единствен пат кон слободата,
кон љубовта, најголемата, забранетата, единствената,
пред очиве ми гори светулка.
Ја распора темнината, тежината на самотијата
ја буди надежта во светлината,
ја бара својата пријателка, незаменливата
тажно а сепак гордо,
пред очиве ми гори светулка.
Насекаде мирис на пролетен цвет,
свежина одамнина позната, неисчезната, потисната
остана, неизбришана, потта на челово насобрана
ми тежи на душава, тоа што замина,
но пред мене, неуморно, безрезервно,
гордо стои мојата пријателка, во осамава,
да, пред очиве ми гори светулка.
Потсетува, кутрата....на утрата,
на крајот и на муграта,
на денот што се повторува, а неповторливо заминува,
заминува, и никогаш, не никогаш нема да се наврака,
потсетува дека згаснува, за повторно да распламса,
повторно пред мене, нокта да ја распора,
мојата пријателка, во осамата, секогаш,
кога ти заминуваш,
непокорната, што тајната недопрена ја чува,
мојата единствена, ко пролетта миризлива,
повторно, секогаш истрајна,
повторно пред очиве ми гори СВЕТУЛКА.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 18:10

Сказалката на мојот часовник
ја плете приказната своја, и оваа ноќ
и новиот ден, осамен, потона ко Титаник
Од тебе насмевка да измамам, веќе немам моќ.

Те гледам, поубава си од животот
сјаеш ко звезда на темното небо
од очи ти извира тага, како поток,
молчиш...а за еден збор, би го продал светот.

Молчиш, и во мене гледаш ко в странец,
молчи и времето...од него си бегалец,
молчам и јас...на судбина гаталец,
ме оставаш...знам, си одиш ко крадец.

Тивко, без шум, без никаква трага,
книга избришана зад мене останува,
молчиш....подигни ја барем раката,
А, ЈАС ......заборави и,
прати ме до врага.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 18:14

Времето, тој противник вечен
за соперник проклет го имам
во животот мој, трајно недоречен
како, удар, проколнатово, постојано го примам.

Часови, денови, недели ко в бунар
се редат, безмилосни, и одат во неврат
се чувствувам осамен, ко остарен чинар
кому, само уште години се редат.

Велиш, неможно е за мене да посвоиш ден,
ко дете, љубоморно ти да го чуваш
да споделам јас, со тебе, прекрасен момент
јас да те гледам, ти да ме милуваш.

Времето, тој проклетник, современик
велиш, те прави тажна и немоќна
часови, денови, недели - чемери
но за мене ке си, вечна - надвремена.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 19:26

Како лице и опачина, како сонце и месечина
постојано се следиме, и еден на друг се надеваме,
за прегратки мечтаеме, а грб на грб сме завртеле,
и чекаме, се развртуваме, се посакуваме,
а очите не ни се срекаваат, не се гледаме, само се чувствуваме.
Како лице и опачина, како нок од ден одделена,
како од светот си одземена, со сета убавина,
како звезда деница, најсветла, водителка,
кон која секој што погледнува, се магепса.
Колку си ми далеча, недостижна
а сепак поблиска непознавам,
како на земјава месечина, далечна, а толку постојана,
таа, силно од светот привлечена, околунего завртена
а недопирлива, таа никогаш не ке го почувствува.
Како лице и опачина, како огледало на љубовта
во тебе погледнувам, себе за да се пронајдам
за да можам да се спознаам, за да се почитувам,
ти со тоа лице, а јас - твојата опачина, те следам
како сенка, како судбина...никогаш нема да те напуштам.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 19:45

Ја допрев...
месечината во сон кој создаден од ѕвезди беше,
ко од милион свеки патот осветлен се стори...
и посегнав, ко дете кон родител што сигурност му нуди,
ја допрев....месечината ко светец...ми збори...а зората ме разбуди.
Ја допрев....
светлината на раното утринско сонце,
што како нежен мајчински допир, лицето го гали....
и посегнав, по таа светлина што чуден оган во градиве ми пали,
а крај неа сме немокни и мали...ја допрев...светлината на денот.
Ја допрев....
раката понежна од свила....ја допрев....
снагата нејзина...како бреза се извива....ја допрев...
устата што чиниш од зрели цреши создадена ке била...
ја допрев....таа што најмила ми била.
Ја допрев...
месечината ја допрев....мајка на секое утринско сонце,
во утроба таа љубоморно го носи, низ мракот, до новиот ден.
Ја допрев...
прекрасната утринска насмевка нејзина...ја допрев...
и од сон се будам....повторно СРЕКЕН.
МЕ ДОПРЕ !!!
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 02:48

Од гревот, Јас крај тебе научив да создавам љубов,
да престорам мрак во светлина бела,
и ветрот јас умеам сам да го скротам,
да извлечам топлина јас научив, од студов.
И немам Јас повеке стравови разни,
нит душава трепет ми нема,
од оково не капе повеке солза,
не сум јас веке роб на денови празни.
Го престори гневот во бескраен спокој,
го скроти ти мила лудово срце,
го врати ти мирот во мојата душа,
ко ангел на небо што дарува покој.
Од гревот ти со мене изроди љубов,
го врати и Адам во вечниот Рај,
со милозлив поглед, на срамот го урна столбот
на болката засекогаш и стави крај.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 03:15

Под сликата создадена од чудесни бои
излеани од солзите на синото небо
јас стојам ко магепсан лик.
И вџашен го следам тој прекрасен пат
упорен и слуден, неуморно одам
оддалеку повикува глас, потресен вик.
И возбуда силна ме обзема сиот,
поитувам, брзам ко ветер ко виор
кон крајот на ова небесно дело, во потрага будна
ме води ова виножито во пресрет на твојот лик.
Неизмерно благо, во приказни велат
се наога на крајот на овој неизодлив пат,
многупати досега виножита следев,
но секогаш крајот ми чинеше јад.
Овојпат сигурен во својата љубов
ги следам овие невозможни бои
од возбуда силна обземен лудо,
јас ке ги пронајдам ОЧИТЕ ТВОИ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 03:23

Бранови, незадржливи и силни, и толку сигурни
шепотат, со чуден глас, толку познат
носат поздрав од длабочини, од тивките и самотни длабочини
зборови пригушени, а чудно, очекувани.
Бранови, пенливи и пркосни, себични
крадат од душата, пијат судбини
одвлекуваат во неврат, низ пената
љубови и солзи и прегратки,
без причина, сведоци на разделби.
И широчина што само за себе ја чуваат
негибната далечина, која не разделува,
бранови пенливи, што постојано ме враќаат
кон брегот, кон самотата.
А погледот се губи во тие длабочини
и бара ликови познати
потонува во вечната самотија
во бранови, пенливи, силни, незадржливи.
Ех таа осека, постојано повлекува, в длабочина,
и љубови и прегратки, од солзите натопени.
Бранови, постојани и нескротени ко разделби.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 14:31

Во златен кафез е затворена, мојата пеперутка, осамена
од слободата заборавена, со крила наводенети, нежно ме повикува
трепери и стравува, со нескриена убавина,
а сепак заробена, присвоена.
Во златен кафез од светот одземена, светот кој толку ја заслужува
низ трепетот на крилата порачува, без глас, стивната повикува
копнее по дланкава, која толку ветува
ја ветува слободата, и небото и замјата,
за неа, само за неа.
Во златен кафез самува, со живот полна,
ох, колку е прекрасна....кој ли ја поседува....слободата
со погледот ја милувам, со топлина од срцево
крилата ги стоплувам,
со желба како вулкан, вратите на кафезот ги стопувам....полетува
заминува кон небото....кон сонцето...ја снемува
само в срцево ја чувам....и се надевам
дека еден ден ке долета, на дланкава...да ме помолива
СОНУВАМ !!!!
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 15:27

Заминувања, како недовршени ветувања,
како кобни предскажувања,
заминувања, неискрени ракувања,
Заминувања.
Неисполнувања, соништа и препотувања,
на зората радувања, на мракот исчекувања,
на самотијата празнувања,
ех, заминувања.
Вечни пријатели на тажните,
непријатели на љубовта, љубовници на прељубата,
робови на зборовите, на оние лажните.
Заминувања.
Постојани исчезнувања, непосотојани исчекувања,
на барикадите со храбрите,
во скривниците со слабите,
на животот бранувања, во брановите потопувања,
Заминувања.
Зошто ли постоите, за кого ли деновите ги броите,
и ноќите, ноќите ги боите,
во бојата обезбоена,
во црната, со мракот споена.
Доста е заминувања,
ќе чекам, јас роб на исчекувања,
љубовник на робувања, на сонот и сонувања,
и ноќта ке ја запалам, ќе засветлам,
не...нема заминувања....ни таги
нит оплакувања,
збогум на збогувања, и повторно на станица,
со нови исчекувања,
на ПЕРОНИТЕ НА ЉУБОВТА.
Вратете се на почетокот Go down
*@ne*
искусно членче
искусно членче
*@ne*


Број на мислења : 93
Age : 33
Локација : *negde na planina,sto podaleku od skolovo
Registration date : 2006-11-16

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 22:11

* bravo bravo*
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 22:25

Фала фала али не е финтата само ја да пишувам
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 19:06

Го разбирам, чинам, твојот молк
и твоето одминување, со поглед потонат некаде
но неможам да ја разберам силата
што успева да те задржи, а да не ме погледнеш.

Чекор, по чекор, уморно
го изодуваш својот пат, утрински
и крај мене поминуваш, спокојно
ко да сум ветер, или спомен исконски.
Не ме боли твоето одминување
и можеби го разбирам твоето стравување,
но неможам а да не се запрашам
зошто веке не умеам погледат да ти го украдам.
Зошто тоа синило толку се затемнило
и како е можно да не е веке немирно
кога ке ме здогледа, како се приближувам
ко од оган да се брани, едноставно замижува.
Не не ме боли твоето одминување, ниту твоето тихување
не ме прави тажен, ниту твоето замижување
но се кине ова срце мое, поради твоето
тивко ЗАМИНУВАЊЕ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 19:10

Како бесконечен танц не темните ангели
околу мене ноќта рашири крила
и само светлина в трепет од свеќите пара
низ оваа црнеж, низ тивкиот мрак.
Часовникот бесрамно чука и реже
единствен сојузник на самотијата - тој е
и одговор како да сака да даде
на моето прашање тивко....ја нема...кај е ?
И како во бездна, постојано тонам
во ноќта што само свеќи ја параат
а часови безмилосно, ко камбани ѕвонат
за мене спас си,а моиве очи, те бараат....те бараат.
И наеднаш како од ѓаволски здив
се згасна животот во едната свеќа
тоа е знак, конечно сватив,
едноставно без тебе....јас немам среќа.
А машката солза, проклетство страшно
ги измива зад мене твоите траги
и молчам, не зборувам, не дишам чиниш
во надеж дека, за миг, ќе слушнам глас....драги !!!
И милозлив глас ќе проѕвони в ноќта
ќе прекине овој бесконечен мрак
од твојата уста ќе ја зберам моќта
од очите твои ќе добијам знак.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 19:16

браво брат цар си за поезија еј Very Happy ке мозе да ми напишеш стих-два за кога ке ми треба за настава ? Razz
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 19:28

Па не за џабе ме ставија за модератор. Шала на страна само кажи тема и ќе видиме што може да се направи
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 19:35

хехе фала, ај ке го имам ова на ум Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedНед Јан 14 2007, 19:40

Повторно,
како златно сонце што изгрева над хоризонтот
како сјајот на светилник над далечна шир
како трепет на крилјата на ластовицата
како катче осамено што ветува мир.
Повторно,
со лелеј неповторлив за бреза сал достоен
со топлина чудесна што подгрева надеж
со насмевка искрена и поглед ко небо
со срце нескротливо и со врел бакнеж.
Повторно,
ти пред мене стоиш, рајска самовило
од градите твои почувствував татнеж
ми предаде пламенче што за мене се сокрило
и љубов, неизмерна, вековен копнеж.
Излезе пред мене,ти распушти коси
Развлече насмевка љубов што носи
Ме прегрна силно ко последен да е
Денов што избриша прашање тешко...


ПОМОГНИ МИ БОЖЕ ДА РАЗБЕРАМ КАЈ Е.
Повторно,
Јас спокојно можам да пречекам утро
Повторно,
Јас сигурен во себе одам
Повтроно,
Заигрува срце на секое звоно
Повтроно,
По мирното езеро бродам
Повторно,
Стихови разлевам ко црвено вино,
Ко осамен лилјан што раширил лик
Повторно,
Од песна до песна, ти виолино
Ке создадеш балада од притаен крик
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedНед Јан 14 2007, 19:54

БРАВО БРАВО !!! cheers
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Markou
искусно членче
искусно членче
Markou


Број на мислења : 168
Age : 32
Локација : na PC
Registration date : 2007-01-15

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedПон Јан 15 2007, 17:21

ogiso vikas za ova



КОГА ТЕ ЉУБЕВ РАДО МОЈА

БУШАВА КОСА ИМАШ РАДО МОЈА
ОЧИЛА ТЕГЛИ НОСИШ ТИ
СО ТВОЈОТ НАСМЕАН ПОГЛЕД МЕ МАМИШ
ПЕТКА ДА МИ СТАВИШ


ИНТЕР:МИЛАН ТИ РАСКАЖУВАВ ЈАС
А ТИ НИ ЕДНА НИ ДВЕ ДОСТА ДУШО
ДОБРО Е
ПАМТАМ ЈАС СЕ ШТО МИ КАЖА
ТИ РАДО МОЈА


НА КОЛЕЏ ТИ РАДО ОДЕШЕ
А ЖИВОТОТ СО ТЕБЕ КО ПЕСНИЧКА МИ БЕШЕ


СЕ СЕЌАВАШ ЛИ НА МОМЕНТИТЕ
КОГА НЕБРИЧЕНА БЕШЕ
НО ТИ МЛАДА ДАМО СО СИТЕ СЕ `БЕШЕ
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_minipostedПон Јан 15 2007, 17:25

no comment ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Sponsored content





Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Поезија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Литература-
Отиди до: