| NBA | |
|
|
|
Автор | Порака |
---|
smiley :) Форум Манијак
Број на мислења : 2172 Age : 34 Локација : pa pred monitor be mozok!!! Registration date : 2006-10-26
| Предмет: Re: NBA Нед Фед 18 2007, 22:27 | |
| е да! ја шо не глеам често па знам дека типот е неверојатно добар и не утнува! нон-стоп му е денот! | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: NBA Нед Фед 18 2007, 22:47 | |
| Моментално е репризата на сител. Сега ќе почнат тројките... | |
|
| |
smiley :) Форум Манијак
Број на мислења : 2172 Age : 34 Локација : pa pred monitor be mozok!!! Registration date : 2006-10-26
| Предмет: Re: NBA Нед Фед 18 2007, 23:01 | |
| а да! не даваат луди 70 туку тоа! леле! секакви! ова не е добро место за постов а? нема везе ај! гледајте си! јас сеа ќе глеам изгубени | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 19 2007, 00:16 | |
| vo kucanje pobedi GREEN od Boston,a vo trojki mislam deka pobedi eden od majami | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 19 2007, 01:09 | |
| Лелелеее куцањана беа лудница типците се луди. Мислам дека Џауард заслужи поголеми оценки за забивањето со налепницата ефективно и иновативно. | |
|
| |
DJ_Stole верно членче
Број на мислења : 637 Age : 33 Локација : Скопје Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 19 2007, 19:22 | |
| еј јас денес го гледав после сколо на сител беше добра утакмица иако јас не сум многу по кошарката сепак супер утакмица п.с. на сител ке има пренос од сите утакмици во нба и од плајофф | |
|
| |
smiley :) Форум Манијак
Број на мислења : 2172 Age : 34 Локација : pa pred monitor be mozok!!! Registration date : 2006-10-26
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 19 2007, 21:56 | |
| абе и јас малку глеав! најинтересно е коа прават финти! | |
|
| |
smiley :) Форум Манијак
Број на мислења : 2172 Age : 34 Локација : pa pred monitor be mozok!!! Registration date : 2006-10-26
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 19 2007, 22:48 | |
| Коби Брајант повторно е МВП на Ол стар викендотКоби БрајантКоби Брајант вторпат во кариерата го доби престижното признание за најкорисен играч на Ол стар натпреварот во НБА лигата. Го предводеше го тимот на Западот до триумф од 153:132 над источниот состав во гламурозната вечер на сите ѕвезди во најблескавиот град на светото, Лас Вегас. Коби Брајант постигна 31 поен и беше најзаслужен за успехот на западната конференција која спречи Истокот да триумфира на три последовни Ол стар викенди. Идентичен број поени, Брајант постигна и кога беше избран за МВП на Ол стар-от во Филаделфија во 2002 година. Втор стрелец за посилната конференција беше ѕвездата на Феникс, Амари Стадемаер со 29 коша, во дербито за Западот, Кармело Ентони уфрли 20 поени. Во ноќешниот натпревар најдобрите играчи на Западот поставија нов НБА рекорд од 52 асистенции. Лидери во ова постигнување беа Трејси Мек Грејди со 11 и Тони Паркер со 10. Во источниот тим првиот играч на Кливленд, минатогодишниот МВП, Леброн Џејмс со 28 поени беше прв стрелец. Дека нема да дозволи три пораза по ред на Ол стар натпреварите Западот покажа уште во воведните две четвртини во кои имаше 57 проценти прецизност во шутот од поле, а на полувремето имаше 20 поени предност. Во натпреварот исполнет со забивања и контри и многу малку одбрана, Истокот солидно ја одигра само последната четвртина, но успеа само да ја намали предноста на Западот кој во завршните 12 минути влезе со 33 поени предност. Ол стар пресметката меѓу најдобрите кошаркари на двете конференции во лигата е најзначајниот и завршен дел од годишниот собир на сите ѕвезди во НБА лигата. | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: NBA Саб Фед 24 2007, 13:59 | |
| NBA All Star 2007 Купче од 5 клипови од Ол Стар викендот 2007-ма кој минатата недела се одржа во Лас Вегас. Купот е составен од: натпреварот во куцање, лепењето сликица на таблата од Двајт Хаурд, главниот Ол Стар натпревар, брејкденс рутината на Шек и навивачките на Ол Стар викендот. - куцање---------- - Двајт Хауард---------- - Ол Стар
---------- - Шек---------- - Чиарлидерс | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Нед Фед 25 2007, 23:53 | |
| eve nesto za mojot tim MAJAMI Пораз и повреда на Вејд во кам-бекот на Рајли Во истиот миг кога шампионот, конечно, се комплетираше и се подготвуваше да тргне во серија победи за што подобар пласман на Истокот, се случи она што најмалку го посакуваа. Во поразот од 112-102 во Хјустон, Мајами го загуби играчот кој им ја донесе титулата лани и со тоа беше во сенка ставен кам-бекот на клупата на Пет Рајли. Двејн Вејд, во еден дуел со Шејн Батие во последната четвртина го повреди десното рамо, а судејќи според изразот на лицето кој го имаше потоа, повредата не е воопшто наивна.
Така, шампионот кој конечно ги имаше и Рајли и Вејд и Шекил О'Нил на теренот доби голем удар пред решавачкиот дел од сезоната. Вејд до толку беше во болка што мораше во количка да биде изнесен надвор од теренот и во соблекувалната на гостите.
"Ако не сум јас, тогаш е Двејн. Многу малерозни и лоши работи ни се случија сезонава" - изјави Шек, кој имаше една од своите подобри партии со 20 поени и 16 скокови.
На другата страна, Трејси Мекгрејди со 32 поени ги предводеше Рокетси, кои одлично се снаоѓаат и без Јао минг кој би требал да се врати за две недели. Рејфер Алстон додаде 20 поени од кои дури шест "тројки". Во болница место во Далас
Вејд не отпатува со соиграчите за Далас и синоќешната прва нивна средба со Мавси по финалето. Место тоа тој беше однесен во локалната болница во Хјустон каде беше задржан на детални прегледи на рамото. С$ уште не е официјално познато за колку сериозна повреда станува збор, но судејќи според првичните изјави од таборот на шампионот, а и тоа што Двејн не ни можеше да ја помрдне левата рака, не е нешто наивно.
"По с$ изгледа Вејд ќе отсуствува на подолго време. Ќе му организираме превоз за Мајами што е можно побргу" - изјави Рајли. Се претпоставува дека МВП-то на последното финале би можел да отсуствува шест недели или месец и пол. Тоа значи дека тој би се вратил во финишот на регуларниот дел од сезоната.
Пред повредата Вејд имаше 27 поени и девет асистенции. Дежа-ву со Дикембе и Шек
На неколку моменти во своите дуели во рекетот Шекил О'Нил и Дикембе Мутомбо потсетија на времето кога и двајцата беа елитни НБА центри. Прво во првото полувреме 40-годишниот центар на Рокетси успеа да положи и покрај грубиот фаул на О'Нил, што наиде на воодушевување на публиката. Шек и тоа како му врати во последната четвртина кога по едно утнато забивање фати офанзивен скок и со една рака заби над испружениот Мутомбо. Потоа тој, во стилот на Конгоанецот мафтајќи со едниот прст направи гест кон Дикембе, гест за кој си доби и техничка. | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: NBA Пон Фед 26 2007, 01:33 | |
| Јас гледав Чикаго - Детроит, победи Детроит со 2 разлика... | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: NBA Пон Мар 05 2007, 13:45 | |
| Ејј како заврши вчера утакмицата ? | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: NBA Пон Мар 05 2007, 13:47 | |
| Гледавте ли синоќа Лејкерс - Феникс. Луѓе добра утакмица само што Коби немаше подршка од другите. Иначе Коби постигна третина од поените на Лејкерс. Како по обичај триото Мерион, Стадемаер, Неш имаше дабл-дабл ефект. Феникс тешаше 99-94 | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Сре Мар 07 2007, 13:26 | |
| da ne e kobi lejkers propaga.Go gledav mecot i bese ok.No STIF NASH bese dobar vo feniks.Vazno deka SEK se vraka vo forma otkako se povredi wade | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: NBA Сре Мар 07 2007, 14:04 | |
| Џабе што е Шек во форма. Кога го нема Вејд Мајами тоне. | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Чет Мар 08 2007, 15:09 | |
| pa pak pobeduvaat, koga go nema sek togas mu odi na Wade, a koga go nema Wade togas mu odi na sek.Toa ti e tim | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Нед Мар 11 2007, 14:25 | |
| epa neznam dali tone MIAMI "Дизелот" има уште доста останато во резевоарот По Двејн Вејд, шампионот поради повреда пред неколку дена го загуби и Џејсон Капоно, а со тоа повторно почнаа и муабетите дека Мајами ќе води тешка борба за последните плеј-оф места на Истокот. И повторно, Шекил О'Нил им ја затна устата на сите тие критичари и аналитичари.
Со своите 24 поени, девет скокови и рекордни сезонава осум асистенции, популарниот "Дизел" во комбинација со 23 поени на Еди Џонс им донесе нова уверлива победа на Хит, овој пат над големиот ривал Чикаго од цели плус 33 или 103-70. Шампионот во период од 14 минути во второто полувреме, откако Булси минусот од 16 го стопија на само три поени, одигра фанастична кошарка и со серија од 38-9 ги решија сите дилеми околу победникот.
"Тие беа малку посериозни од нас во пристапот на претходните дуели со нас, така што знаевме дека ни се должници. Поради некоја причина, тие н$ мразат, што е добро. Тие н$ сметаат за една од скалите кон висок пласман и вечерва им покажавме дека с$ уште сме тука и кој е актуелен шампион" - изјави О'Нил.
Џонс и Ентоан Вокер во клучната серија искомбинираа 25 поени и самите ги надиграа гостите, кои во тој период имаа ужасни 0-10 шут од игра и пет загубени топки.
Со оваа победа Мајами до некаде се одмазди за понижувачкиот пораз на отворањето на сезоната од Чикаго од 108-66 сред Флорида и без Вејд го поправија скорот на 5-2. Актуелниот МВП на финалето за првпат по повредата на рамото беше со соиграчите и ги бодреше од клупата. | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: NBA Нед Мар 11 2007, 14:40 | |
| Види и ја сум за Мајами ама тешко дек асезонава ќе влезат во плејоф ако не примети и Капоно се повреди така да сега ќе му биде ан Дизелот многу тешко. | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: NBA Нед Мар 11 2007, 21:29 | |
| da znam za kapono ama nadesta mi e vo sek | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: NBA Нед Мар 25 2007, 22:23 | |
| Ќе има ли денес пренос на Сител ? | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: NBA Нед Мар 25 2007, 22:24 | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: NBA | |
| |
|
| |
| NBA | |
|