Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Астронаутика

Go down 
4 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 11:13

еј а што би праеле астронаутите ако нешто треба да напраат на надворешноста на шатлот додека е во орбита ? како ондак ке останат во негова близина ? ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 22:11

па тоа и се дешавало! така ќе го поправаат и хабл! така се вршат некои екстериерни проблеми! со својот костим поврзани се за шатлот со нешо како долго јаже!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 22:53

да да да имам читано нешто ама не сконтав се занесов со ова од предходно Razz
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 03:02

ОК е! Јас сум тука да ви помогнам! Да ви разјаснам некои ствари, да ве известувам за најнови дешавки...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 12:44

me <3 smiley when she says that !
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedСре Мар 07 2007, 00:59

Германија на Месечината


Астронаутика - Page 2 LentaАстронаутика - Page 2 Ermanci_mesecina
Dies ist ein kleiner Schritt für einen Mann, ein riesiger Sprung für Deutschland. Вака, Германците ќе ја парафразираат познатата реченица на Армстронг кога во 2013 ќе се спуштат на Месечината.
Германија планира да испрати мисија на Месечината без човечки екипаж до 2013 година, објави германскиот центар за вселенски истражувања и аеронаутика.
Мисијата која би можело да се реализира и во соработка со други европски земји, има за цел да го донесе изотопот 3 од хелиумот кој е многу редок на Земјата, а кој би можело да се користи за "вистинска" нуклеарна фузија. Месечината има резерви од хелиум 3 кои се проценуваат на милиони тони. Само 25 тони од хелиум 3 би биле доволни да ги задоволет енергетските потреби на САД и Европа за цела низа години.
Хелиум 3 се наоѓа во надворешните слоеви на Сонцето кое го расфрла по целиот сончев систем. Се одбива од Земјата поради магнетното поле и лесно се акумулира на површината на Месечината која нема атмосфера.
Проектот ќе чини помеѓу 300 и 400 милиони евра.
Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 33
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedЧет Мар 15 2007, 00:33

Уау сите постови се на Смајли!
А шо забегав ја тука? scratch
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 22:44

Кинезите подготвуваат лунарно возило


Астронаутика - Page 2 LentaАстронаутика - Page 2 Shanghai-moon
Научниците од Шангај прават специјално возило на нуклеарен погон наменето за првата кинеска мисија без човечки екипаж, која во 2012 година ќе замине на Месечината, пишуваат весникот "Shanghai Daily".
На возилото со шест тркала веќе четири години работат научниците од Институтот за авиоинжинеринг во Шангај, каде што е опремена специјална лабораторија со имитација на површината на Месечината.
Висок 1,5 метри и тежок 400 килограми, вселенскиот џип е дизајниран да зема и анализира примероци од земјиште и емитува тридимензионална слика од површината на Месечината.
Астронаутика - Page 2 Moon-Shanghai

Сеуште не е познато колку чини изградбата на вселенскиот џип.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedПон Апр 09 2007, 18:50

Smiley is back! Smile Ок еве го мојот прв пост по долгата пауза (по долгиот бан).

Кинескиот ровер за Месечината

Најновата вест од Шангај е дека Кинеските научници забрзано работат на развој на ровер, кој ќе работи на нуклеарен погон и кој би требало да слета на Месечината во 2012 година. Овој ровер со 6 тркала веќе 4 години се развива во Институтот за вселенски инженеринг во провинцијата Минханг. Таму е изработена и голема реплика на површината на Месечината, каде се вршат тестирањата на роверот.
Астронаутика - Page 2 Rover_Chang

Астронаутика - Page 2 Rover_Chang_1
Прототип на Кинескиот лунарен ровер

Роверот е висок 1,5 метри, а тежок 200 килограми. Конструиран е така да може да пренесува видео сигнал во реално време, да прави тродимензионални слики на пејсажот и да анализира примероците од почвата. Во изгледот потсетува на марсовите ровери, Спирит и Опортунити. Но, додека овие ровери користат литиум-јонски батерии, Кинескиот ровер ќе користи посигурен нуклеарен погон. Роверот ќе може да постигне брзина од 100 метри на час, и ќе има посебни сензори чија задача ќе биде да спречат тој да се преврти или судри.
Кинеските инженери се оптимисти и ја нагласуваат супериорноста на нивниот во однос на Руските и Американските ровери. За сега, се вршат испитувања при ниска гравитација, влијанието на космичките зраци и на екстремните температури. Во план е да се изгради потполно нова лабораторија, во која ќе се спроведуваат истражувања во пореални услови. Кинезите не даваат никави податоци за тоа колку чини овој ровер и целиот проект.
Досега, тие успеаја да испратат два астронаути во орбита, а за оваа година се планира и испраќање на првата сонда која треба да стигне до Месечината. Потоа, следува спуштање на леталото без човечки екипаж, а некаде околу 2017 година се очекува и првите Кинези да слетаат на нашиот природен сателит. Кинеската програма за Месечината се нарекува „Проект Чанг“, по древната кинеска божица на Месечината.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedПон Апр 09 2007, 20:36

Американскиот
софтверски инженер, Чарлс Симонји е петтиот вселенски турист кој заедно
со екипажот на руската ракета Сојуз, полета од станицата Баиконур во
Казахстан и тргна на 12-дневен пат во вселената.
Астронаутика - Page 2 2B9AC4B75DFD5F46BADF9A5464EF2665
58-годишниот
креатор на Мајкрософт Ворд е 450-та личност која влезе во орбитата на
Земјата а патот за кој плати 18 милиони евра го направи, со негово
одобрување, “првата бубалица во вселената”.

На др. Симонји и
двајцата руски космонаути Фјодор Јурчикин и Олег Котов ќе им требаат 2
дена за да стигнат до Интернационалната Вселенска Станица (ISS) на која
ќе поминат 10 дена, комплетирајќи 200 орбити околу Земјата и
поминувајќи 8 милиони километри. Враќањето назад ќе трае само 2 часа а
предвидениот датум за слетување е 20 април.

Симонји ги
започна подготовките за патот пред 6 месеци во Јуриј Гагарин
космонаутскиот тренинг центар во Стар Сити, Русија и на Баиконур
космодромот во Казахстан. За да може без проблеми да ја напушти
Земјината атмосфера и да престојува на вселенската станица, мораше да
помине низ исцрпувачка физичка програма, која вклучува строги
медицински тестови.

Негова обврска на станицата ќе биде
спроведување на серија експерименти, меѓу кои и мерење на количеството
радијација на која ќе биде подложен додека престојува на ISS. Воедно,
Чарлс Симонји ќе биде дел и од неколку церемонии и ритуали на руските
космонаути, вклучувајќи го заедничкото гледање на рускиот игран филм
“Белото сонце на пустината”.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 16:03

Американски рекорд на ISS

Астронаутика - Page 2 Michael_Lopez-Alegria
Мајкл Лопез Алегрија - Американец со најдолг „стаж“ во Вселената

Американскиот астронаут Мајкл Лопез Алегрија (Michael Lopez-Alegria), кој моментално престојува на Меѓународната вселенска станица, на 3 април постави нов рекорд во рамките на НАСА. Моментално тој е Американец со најдолго време на престој во Вселената. Лопез Алегрија досега поминал нешто повеќе од 200 дена во орбита околу Земјата и на тој начин го собори рекордот поставен во 2002 година, кој заеднички го држеа астронаутите Карл Волц (Carl Walz) и Ден Барш (Dan Bursch ). Кога на 20 април Лопез ќе се врати на Земјата, заедно со својот руски колега Михаил Тјурин, ќе заврши неговиот престој во Вселената со салдо од вкупно 214 дена. Инаку, тој на Станицата престојува од септември 2006 година.
Рекордот на Лопез нема долго да трае, затоа што неговата колешка Сунита Вилијамс (Sunita Williams), која веќе е на ISS и ќе остане таму откако тој ќе се врати на Земјата, ќе го собори неговиот рекорд во средината на јули. Сепак, со 10 вселенски прошетки и 67 часа минати надвор од Станицата во отворена Вселена, Лопез останува најискусниот астронаут за мисии надвор од вселенски летала. Сунита Вилијамс, пак, го држи женскиот рекорд, со 4 излегувања и 27 часа поминати во отворена Вселена.
И со овие извонредни резултати, Лопез и Вилијамс не се ни близу до рекордите кои ги поставиле руските космонаути. Во периодот 1994/95 Валериј Пољаков од руската вселенска станица Мир во Вселената без прекин престојувал 438 дена, а неговиот сонародник Сергеј Крикалов поминал уште повеќе, но со прекини.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_minipostedСре Апр 18 2007, 14:50

БепиКолумбо - нова мисија до Меркур

БепиКолумбо (BepiColombo) е новата мисија на Европската вселенска агенција (ЕЅА) со која ќе се истражува планетата Меркур, а ќе биде изведена во соработка со Јапонија. Леталото, кое се подготвува за лансирање во 2013 година, ќе пристигне до Меркур по шестгодишно патување низ внатрешниот Сончев систем, за на крајот да го изведе најобемното и најдетално проучување на планетата досега.

Астронаутика - Page 2 BepiColombo_art
Вселенското летало БепиКолумбо, во орбита околу Меркур (уметнички приказ)

Леталото се состои од три модули, од кои за орбитерот за истражување на планетата (Mercury Planetary Orbiter) и модулот за трансфер (Mercury Transfer Modul) одговорна ќе биде ESA, а магнетосферскиот модул (Mercury Magnetospheric Orbiter) е под контрола на Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАХА). Модулот за трансфер ќе обезбедува електричен и хемиски погон, потребен за изведба на патувањето до Меркур, а планетарниот орбитер ќе понесе 11 софистицирани научни инструменти.
Да се стигне до Меркур и да се постави леталото во стабилна орбита е тешка задача поради гравитацијата на Сонцето. Досега Меркур е посетен единствено од леталото Маринер 10, во средината на седумдесеттите. За време на патувањето, леталото ќе ја искористи гравитацијата на Месечината, Земјата, Венера и на самиот Меркур, во комбинација со силата на соларноелектричниот погон.

Астронаутика - Page 2 Mercury_southpole
Фотографија на јужниот пол на Меркур, направенa од леталото Маринер 10

Кога ќе пристигне до Меркур, модулот за трансфер ќе се оддели и дводелното летало ќе ги користи конвенционалните ракетни мотори. Управувањето со леталото во суровата околина на Меркур е вистински технолошки предизвик. Меркур е најблиската планета до Сонцето и директната сончева радијација насочена кон леталото е појака за околу 10 пати споредено со таа во близина на Земјата. Површината на Меркур, чија температура достигнува и до 470°С, не само што го одбива сончевото зрачење, туку и емитува термално инфрацрвено зрачење. Поради тоа, сондата ќе мора да издржи екстремни термални услови. Ова ќе биде еден од движечките фактори при дизајнот на сондата, кој најверојатно ќе вклучи дизајнирање на повеќеслојно ќебе за изолација на леталото, како и топлотни разладувачи.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Sponsored content





Астронаутика - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика - Page 2 Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Астронаутика
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: