Спилберг наполни 60 години
Кога беше мал, со фотографии што ги снимал самиот во
соседството, правел стории во слики. Со 15 добил на подарок камера, па
домот на родителите го претворил во кино-сала за пријателите и
семејството: Стивен Спилберг рано станал свесен што сака да направи од
својот живот. Синоќа го прослави својот 60-тти роденден. Филмскиот
режисер и автор на овие години постигна скоро се.
„Секогаш
радо раскажував приказни за духови„, призна Стивен Спилберг во едно
интервју за американскиот филмски институт. Со филмовите како „Белата
ајкула„ „ИТИ„, „Џурасик парк„ и „Војна на световите„ заплаши милиони
кино-посетители:
„Посебно задоволство ми прават логорските
огнови, кога светлоста паѓа само врз твоето лице. Директно зад тебе е
мртва темница. Без батерија никако нема да го најдеш патот до шаторот„.
Неговите
фантастични, магични и делумно полиитчки стории му донесоа Оскари и
милијради. Тој е најуспешниот холивудски режисер и еден од
најпризнатите. Харисон Форд, јунакот на сите филмови за Индијана Џонс,
за Спилберг вели:
„Тој многу добро ги разбира човечките чувства,
како и драматургијата и киното. Неговите филмови за масовна публика се
многу успешни. Ако прави пак, филм со други амбиции, тогаш има сила и
тоа да го изведе„.
И Том Хенкс, во главната улога во воената драма „Војникот Рајан„ секогаш свесно работел за и со режисерот Спилберг:
„Има
посебна способност да се концентира на местото на снимањето и неговите
цели. Само едно не знае: дека Сонцето заоѓа и тогаш ги нема снимките
што му требаат„.
Со трилерот „Белата ајкула„ на Спилберг му
успеа меѓународниот пробив: кај критичарите, газдите на студијата во
Холивуд, и пред се, кај публиката. 18 години подоцна дојде до пресврт
во неговата кариера со филмот „Шиндлеровата листа„.
Тоа е
сторија за германскиот индустријалец Ото Шиндлер кој под нацистичката
дикататура спаси повеќе од илјада Евреи од заминување во
конц-логорите.Според тоа како ја раскажа таа сторија, Спилберг го
промени својот имиџ од мајстор на забавата, во режисер со морални
амбиции:
„Го сфатив занчењето на проектот и на штетите што
можеше да ги нанесе. Меѓутоа, ако не се задржат во сеќавање
преживувањата на преживеаните од Холокаустот, ќе беше повеќе штетно од
корисно„.
Спилберг го мина испитот пред јавноста: за филмот
повеќепати беше награден, меѓу другото и со Оскар и со „Голем орден за
Заслуги со ѕвезда„. Францускиот претседател Жак Ширак, за овој филм, го
прогласи за Витез на легијата на честа.
Артистот Бен Кингсли во
„Шиндлеровата листа„ игра човек што преживеа благодарејќи на помошта од
Шиндлер. За соработката со Спилберг радо се сеќава:
„Кога
настапуваш во некој филм на Спилберг тогаш знаеш дека ќе биде еден од
забележителните филмови на 20-тиот век, или воопшто на филмската
историја„.
Со 60 години, Спилберг воопшто не размислува за пензионирање:
„Имам
уште многу идеи за филмови што сакам да ги направам. Љубам да
раскажувам стории. Ако тоа не сакам веќе јавно да го правам, ќе се
откажам и ќе им раскажувам само уште на моите деца„.