Vaka sea bidejki denovive a i mnogu izminati denovi i denovi so ne ocekuvaat nie vo rjk nie
si imame problem so spienjeto, eve malku pomos okolu nestata vo spieweto i kako
da si pomogneme da bideme po naspani
- Доколку
заспивате за помалку од пет минути, тоа значи дека ви недостасува сон.
Оптималниот период за заспивање е помеѓу 10 и 15 минути, што значи дека
вашиот организам се уште е доволно уморен да заспие, но не е преморен
за да се чувствувате поспано во текот на денот.
- Во првата година од својот живот бебето им крати помеѓу 400 и 750 часа сон на своите родители.
-
Дел од научници веруваат дека сонот нема никаква функција, туку дека
тој е производ на две еволуциски адаптации - спиење и свест.
-
Канадските научници заклучиле дека враќањето на часовникот за еден час
наназад коинцидира со намалувањето на сообраќајните несреќи.
- Истражувањата кои доведоа до откривање на постојаното движење на
окото (REM ) не беа спроведени дури до 1953-та. Делумна вина за ова ја
имаат научниците кои не сакале непотребно да трошат хартија.
- Никој се уште нема откриено дали останатите живи суштества сонуваат.
-
Некои научници веруваат дека сонуваме за да ги поправиме нашите реални
искуства во долготрајната меморија, односно, сонуваме за работи кои
вреди да се паметат.
- По 17 часа без сон, човековата ефикасност е на исто ниво како и со 0,05% алкохол во крвта.
-
Нуклеарната катастрофа во Чернобил, пролевањето на нафта од танкерот
Ексон Владез и несреќата на шатлот Челинџер, се резултат на човекова
грешка за која главен виновник бил недостатокот на сон.
- Заморот е причина за секоја шеста сообраќајна несреќа.
- Изложеноста на бука за време на сонот, може да доведе до ослабување на имунитетниот систем, дури и ако лицето не се разбуди.
- Непознати звуци и бука за време на првите два часа од сонот имаат најголемо негативно влијание на спиењето.
- Иако нема да се разбудите, сонот може да биде прекинат дури и од светлоста од електронските часовници.
- Телесната температура е тесно поврзана со спиењето, што е една од главните причини за немирните соништа во текот на летото.
-
По пет ноќи со недоволно сон, три алкохолни пијалаци ќе го имаат истото
дејствие на вас како и шест пијалаци кога сте наспани.
- Луѓето во просек спијат 3 часа помалку од останатите примати како шимпанза, павијани и слично, кои спијат по 10 часа дневно.
-
Патките кои се во опасност да бидат нападнати од грабливци, балансираат
со својата потреба од сон и преживување, одржувајќи ја едната половина
од мозокот будна.
- 10% од лицата што 'рчат имаат нарушување,
поради кое повеќе од 300 пати во текот на вечерта прекинуваат со
дишење, што значително ја зголемува опасноста од срцев напад или удар.
-
Тинејџерите треба да спијат колку малите деца, околу 10 часа дневно. На
возрасните помеѓу 25 и 55 им се потребни околу 8 часа, додека на лицата
над 65 години доволни им се 6 часа сон дневно.
- Одредени
студии тврдат дека на жените им е потребен еден час спиење повеќе од
мажите, во спротивно постои опасност од депресија.
- Во Викторијанскиот период, пред појавувањето на струјата, луѓето во просек спиеле по 10 часа.
- Ненаспаноста има најлошо влијание на лицата помеѓу 18 и 24 години.
- Најголемиот дел од она што го знаеме за спиењето е откриено во последните 25 години.