bidejki pred nas e uste edna olimpijada za nekoe vreme :D
Цената на ОИ 2012-та
Доколку
продолжи сегашната потрошувачка, конечна сметка за Олимписките игри во
Лондон 2012-та, ќе биде над 13,2 милијарди евра, со што тоа ќе биде
најскапиот спортски настан во историјата. Според оригиналната
пресметка, игрите требаа да чинат не повеќе од 3,5 милијарди евра.
Според,
сега веќе екс-претседателот на комисијата за исполнување на роковите за
изградба на објектите за Олимпијадата, Џек Лемли, не само што трошоците
за градба ќе растат експоненцијално, туку и најголем дел од зданијата
ќе доцнат со изградбата.
Освен политичкиот притисок, како
причини за зголемените трошоци, во извештајот на комисијата се
наведуваат разликата во буџетот за безбедност од 974 милиони евра.
Дополнителни 730 милиони евра за изградба на предвидените 40.000 домови
во Олимписката зона и над 1,4 милијарди евра за купување и расчистување
на областа Леа на која треба да бидат изградени олимписките објекти.
Како
можен излез од проблемот е препишување на грчкото решение од 2004-та,
кога градежните компании речиси двојно ја зголемија работната сила а
државата најде дополнителни инвеститори за проектот.