Окупацијата на Лихтенштајн
Не сакајќи и целосно непланирано Швајцарија со еден потег можеше да ја уништи својата долгогодишна неутралност и да изврши окупација на Лихтенштајн, откако една нејзина единица за време на воена вежба залутала во соседното кнежество.
Според швајцарскиот дневен весник Блик, 170 пешадинци навлегле повеќе од 1,6 километри во територијата на Лихтенштајн, пред да ја воочат својата грешка и да се вратат назад.
Портпаролот на швајцарската армија го потврдил инцидентот, меѓутоа порачал дека нема да има сериозни реперкусии од случајната инвазија.
"Зборувавме со властите на Лихтенштајн и тие порачаа дека нема да има никаков проблем," порачал портпаролот на армијата.
Според министерот за внатрешни на Лихтенштајн никој во земјата не ги ни приметил војниците и целиот инцидент бил далеку од каква било инвазија. Лихтенштајн, кој има околу 34.000 жители, воопшто нема армија.